|
Манифестот на сексуалните работници во Европа - 09.11.2006
Манифестот на сексуалните работници е создаден од самите сексуални работници во кои се дава нивната заедничка визија за еднакво и праведно општество. Манифестот е изготвен и прифатен од 120
сексуални работници од 26 земји на Европската Конференција за сексуална
работа, човекови права, труд и миграција, одржана на 15 и 16 Октомври
2005 и презентиран на третиот ден од конференцијата, водена од Моника
Фрасони, Италијански член на Европскиот Парламент, Зелени - Европска слободна
алијанса во Европскиот Парламент, на 17 Октомври 2005. Во текот на конференцијата се организираа
работилници во кои сексуалните работници и нивните сојузници ги споделија
своите искуства, знаење и стручност при анализирање на реалноста на работата
на сексуалните работници низ Европа. Марија Тошева |