Едукација на студенти во ХОПС

Во периодот април – мај 2006-та година, ХОПС спроведе низа еднодневни едукации за студенти - идни професионалци од социјалната, здравствената и правната област за Програмите за Намалување на штети и работа со ранливи групи во локална заедница.

81 студент од Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот Факултет во Скопје поминаа еднодневна едукација за развивање на сервиси за ранливи групи во локална заедница со посебен акцент на теренска работа и вклучување на лицата од самата заедница во сите фази на развој и имплементација на сервисите.

19 студенти од Медицински Факултет поминаа еднодневна едукација за развивање на Медицински сервиси за ранливи групи, со посебен акцент на работа со корисници на дрога.

22 студенти од Полициска Академија поминаа едукација за работата на Полицијата во локална заедница и изработија два одделни истражувачки проекти за односот на полицијата кон корисници на дроги и комерцијални сексуални работници во одредена локална заедница.