АРХИВА НА ВЕСТИ |
2005-2006 | 2007 | |
|
||
| Веб портал на Македонската
мрежа за намалување на штети - 29.11.2005. Во подготовка е интернет потралот на Македонската мрежа за намалување на штети кој подетално ќе информира за актуелната ситуација со дроги, ХИВ/СИДА, хепатитис и останатите сексуално и по крвен пат преносливи инфекции во Македонија. Истовремено ќе овозможува пристап и до други интерент страни кои се занимаваат со иста или слична проблематика. _____________________________________ |
||
![]() |
|
|
![]() |
|
|
![]() |
|
|
![]() |
|
|
Македонската мрежа за намалување на штети од употреба на дроги, предводена од НВО ХОПС и НВО Доверба, Ве покануваат на панел дискусија за законот за дроги во Република Македонија на 17 април 2006 година, во Клубот на пратеници во Скопје, со почеток во 10:30. Панел дискусијата има за цел да го подигне нивото на информираност на оние кои одлучуваат, професионалците / експертите (од владиниот и невладиниот сектор), како и на пошироката популација, за: - слабостите и предизвиците на постоечкиот закон за дроги во Македонија
и да понуди препораки за промени, коишто ќе доведат до политика на дроги,
која е помалку репресивна и која е ориентирана кон јавното здравство; На дискусијата ќе земат учество: - Татјана Петрушевска, Специјалист за аналитичка контрола на лекови, Координатор на CARDS твининг проектот за дрога при Министерство за здравство на Република Македонија, која ќе ги презентира активностите на Министерството за здравство за усогласување на законодавстовото за контрола на дрогите на Република Македонија со законодавството на Европска унија; - Томас Забрански, член на Работната група за зависности при Министерство
за здравство и Раководител за истражување и развој на Центарот за адиктологија
- Медицински факултет при Карловиот универзитет во Прага, Република Чешка,
кој ќе зборува за развојот на политиката на дрога во Република Чешка и
ќе ја презентира студијата за влијанието на рестриктивната политика на
дроги во оваа земја; Панел дискусијата ќе се оддржи во Кино салата во Клубот на пратеници, со почеток во 10:30 и планирано е да заврши до 12:30. Регистрација и запознавање на учесниците од 10:00 - 10:30. Поради ограничениот број на учесници, Ве молиме да го потврдите Вашето учество на следниве броеви: 071 618 270, тел/факс: 3 130038 или на е-mail: nora_stojanovik2003@yahoo.com Со почит, Скопје, 11.04.2006 |
||
![]() |
ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ НА ММНШ - 12.04.2006 Од 12.04.2006 година официјално е публикуван интернет порталот на Македонската мрежа за намалување на штети. Интернет порталот е достапен на следната адреса: www.mhrn.org.mk Вања
Димитриевски |
|
![]() |
Во Мрежата за застапување на правата на сексуалните работници членуваат
15 организации од 14 земји во Централна и Источна Европа кои ги застапуваат
правата на сексуалните работници и кои сметаат дека со организирана акција
на регионално ниво може да се обезбеди поддржувачка околина за сексуалните
работници и за здруженијата на граѓани кои работат со сексуални работници
да земат поголемо учество во процесите на одлучување за прашањата кои
ја засегаат сексуалната работа. |
|
![]() |
Од 17-20. Мај 2006 година во Белград, СЦГ ќе се оддржи Меѓународна конференција
за Намалување на штети од употреба на дрога и ХИВ/СИДА. На конференцијата
ВАНГУАРД и претходи Симпозиумот за Супституциони терапии - "Нов квалитетен
живот за корисниците на дрога" кој ќе се оддржи на 17.05.2006 во
Нови Сад во склоп на VANGUARD 2006. На Vanguard активно учество ќе земат
и претставници од Македонија и тоа членови од ХОПС - Опции за здрав живот
како и претставници на други Невладини организации и владини институции. |
|
![]() |
_____________________________________ |
|
SWAN |
SWAN Билтен, Издание бр.1, Година 1, Мај 2006 - 06.06.2006 ЛИНК до Билтенот _____________________________________ |
|
![]() |
Информација од конференцијата - 06.07.2006 Youth for Youth - Combat HIV/AIDS 2nd Regional Meeting (Млади за млади - во Борба против ХИВ / СИДА - Втор регионален митинг) June 24th - 28th 2006 Trakoscan, Croatia ЛИНК за ПОВЕЌЕ _____________________________________ |
|
SWAN |
SWAN Билтен, Издание бр.2, Година 1, Јуни 2006 - 19.07.2006 ЛИНК до Билтенот _____________________________________ |
|
|
Како дел од Програмата за борба против ХИВ/СИДА во Западен Балкан, Фондацијата Партнерство за здравје организираше регионална средба за размена на искуства поврзани со доверливо и доброволно советување и тестирање (ДДСТ). Средбата се одржа во Косово, на 27-28 јули. Целта на средбата беше да се овозможи регионален форум на владини и невладини претставници од Македонија (ХОПС - Скопје, ХЕЛП - Гостивар, Зона – Кавадарци, Младински Клуб – Штип, Опција – Охрид, ХОПС – Куманово), Албанија (АПРАД, Институт за јавно здравје, ИПОС) и УНМИК – Косово (ЦСГД, Лабиринт, Анти ДАНС, Клинички центар – Приштина) каде истите ќе имаат можност да ги споделат своите видувања, искуства, предизвици и можности поврзани со работа со различни целни групи – сексуални работници, лица кои употребуваат дроги, МСМ, Роми, мобилни групи или општа популација, секако со фокус на ДССТ. Воедно, овааа средба овозможи формирање на неформална мрежа на колеги кои работат на полето на ДДСТ кои и во иднина ќе продолжат да комуницираат и разменуваат искуства и информации. VCCT exchange visit As the part of the Western Balkans Program to fight HIV/AIDS, Foundation
Partnership in Health organized a regional exchange learning visit on
VCCT. The exchange visit was held in Kosovo, 27 – 28th of July. The goal
of this visit was to provide a regional forum for GO and NGO colleagues
from Macedonia (HOPS, Help, Zona, Option, Youth club, HOPS Kumanovo),
Albania (APRAD, Institute for public health, IPOS) and UNMIK-Kosovo (CSGD,
Labyrinth, Anti DANS, Clinical Hospital Center – Prishtina) to share their
insights on the challenges and opportunities based on different target
groups – CSWs, IDUs, MSM, Romma, mobile or general populations, focus
for VCCT. In addition this exchange visit will allow to start forming
an informal network of VCCT providers in this region for continued exchange
and mutual sharing of experiences. |
||
SEENAA |
_____________________________________ ХОПС - Опции за здрав живот, стана членка на Југо Источна Европска мрежа
за борба против СИДА. Во рамките на SEENAA членуваат следниве организации:
Action Against AIDS (Bosnia and Hercegovina), Galen (Albania), HERA (Macedonia),
HOPS (Macedonia) iи Juventas (Montenegro). |
|
SWAN |
SWAN Билтен, Издание бр.3, Година 1, Јули-Август 2006 - 05.09.2006 ЛИНК до Билтенот |
|
_____________________________________
Македонската мрежа за намалување на штети (ММНШ), предводена од ХОПС - Опции за здрав живот (Скопје), Младински клуб (Штип), ДОВЕРБА (Скопје), ОПЦИЈА (Охрид), ХЕЛП (Гостивар), ЗОНА (Кавадарци), ПАСАЖ (Скопје), ХОПС (Куманово), Виа Вита (Битола), ИЗБОР (Струмица) и Глува соба - лим-пид (Скопје), спроведува национална кампања за создавање на позитивно јавно мислење за програмите за намалување на штети, лицата што употребуваат дрога и нивните семејства под мотото “Биди дел од решението, не од проблемот”. Кампањата ќе започне на 14 септември во Кавадарци и следните два месеца, преку разни образовни и културни настани, ќе помине во други седум градови, во кои експертите, медиумите и пошироката публика ќе можат детално да се запознаат со програмите за намалување на штети од употреба на дрога, со главен акцент врз програмите за превенција на ХИВ/СИДА кај лицата што инјектираат дрога и активно да учествуваат во кампањата за намалување на стигмата и дискриминацијата кон лицата што употребуваат дрога и нивните семејства. Кампања е поддржана од Министерството за здравство и Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА во Република Македонија. Со почит, Елеонора Стојановиќ |
||
SWAN |
Одржана е првата средба на регионалната мрежа на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници - SWAN - 20.09.2006 Во периодот 7-9 Септември, 2006, во Будимпешта, Унгарија се одржа првата средба на новооформената регионална мрежа за застапување на правата на сексуалните работници. На средбата присуствуваа 20 претставници на различни организации од Централна и Источна Европа и Централна Азија– членки на мрежата, меѓу кои и претставникот на ХОПС – Опции за здрав живот како организација претставник на SWAN во Македонија. Првиот дел од средбата се искористи за меѓусебно претставување и запознавање на членките на мрежата и поставување на основните принципи и насоки за понатамошна комуникација, поддршка и соработка помеѓу истите. Во вториот дел од средбата беше одржана обука на претставниците на мрежата за односи со медиумите како еден од најважните канали за промоција и застапување на правата кои се од интерес на сите членки на мрежата - правата на сексуалните работници. За повеќе информации: _____________________________________ |
|
SWAN |
SWAN Билтен, Издание
бр.4, Година 1, Септември 2006 - 04.10.2006 ЛИНК до Билтенот _____________________________________ |
|
![]() |
Europe sex work - 18.10.2006 Декларацијата на правата на сексуалните работници беше разработена и прифатена од 120 сексуални работници и 80 партнери од 30 земји на Европската Конференција за Сексуална Работа, Човекови права, Труд и Миграција, во Октомври, 2005, во Брисел, Белгија. Истата е достапна на англиски, француски, германски, шпански и руски,
а преведена на македонски ќе биде препратена и ставена на вебсајтот www.sexworkeurope.org,
заедно со сите останати преводи. Марија Тошева |
|
ВНИМАНИЕ!!! ПРЕДОЗИРАНОСТ ОД ОСУДИ! - 24.10.2006 Од 24-28.10.2006 во Скопје ќе се одвива Кампањата за креирање на позитивно јавно мислење за програмите за Намалување на штети, лицата што употребуваат дроги и нивните семејства “Биди дел од решението, не од проблемот”. Кампањата во Скопје ја спроведува Македонската Мрежа за намалување на штети во соработка со ХОПС, Доверба, Пасаж и Глува Соба / ЛИМ-ПИД. Програма: Вторник – 24.10.2006 10:00 Информативна сесија за новинари во НВО Инфо Центарот 11:00 Град Скопје, Сала за состаноци на Советот на Град Скопје 21:00 Club CASTRO Среда – 25.10.2006 22:00 Club CASTRO Четврток – 26.10.2006 12:00 Арт кафе – Мала станицаТркалезна маса за постоечките програми за лекување на лицата зависни од дрога 22:00 Арт кафе – Мала станица
10:00-12:00 Министерство за здравство 21:00 Арт кафе – Мала станица Club CASTRO Сабота – 28.10.2006 12:00 – 21:00 Плоштад Македонија 21:30 ЛУДНИЦА Влезот за сите настани е БЕСПЛАТЕН!!! Благодарност до сите сто ја дадоа својата поддршка за кампањата во Скопје: Club Castro, Арт Кафе – Мала Станица, Кафе Лудница, Plagij.at ,Погон, НМП, НВО Инфорцентар Медиумски спонзори: Канал 103, Антена 5, Радио Равел, Life Радио, City радио, Македонско Радио - Радио 2 Националната кампања е поддржана од:Министерство за здравство и Глобален
Фонд |
||
SWAN |
SWAN Билтен, Издание
бр.5, Година 1, Октомври 2006 - 09.11.2006 ЛИНК
до Билтенот |
|
|
Манифестот на сексуалните работници во Европа - 09.11.2006 Манифестот на сексуалните работници е создаден од самите сексуални работници во кои се дава нивната заедничка визија за еднакво и праведно општество. Манифестот е изготвен и прифатен од 120 сексуални работници
од 26 земји на Европската Конференција за сексуална работа, човекови права,
труд и миграција, одржана на 15 и 16 Октомври 2005 и презентиран на третиот
ден од конференцијата, водена од Моника Фрасони, Италијански член на Европскиот
Парламент, Зелени - Европска слободна алијанса во Европскиот Парламент,
на 17 Октомври 2005. Во текот на конференцијата се организираа работилници
во кои сексуалните работници и нивните сојузници ги споделија своите искуства,
знаење и стручност при анализирање на реалноста на работата на сексуалните
работници низ Европа. Марија Тошева |
|
|
ИЗЈАВА НА SWAN ПО ПОВОД 1ви ДЕКЕМВРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА Денес е 1. Декември, светскиот ден за борба против СИДА. За повлекување на ХИВ пандемијата, ги повикуваме нашите влади за следново: Марија Тошева Во прилог следува целосната изјавата и повикот до Владите за да се спречи пандемијата на ХИВ: Изјава на SWAN по повод 1-ви Декември Информации за Организациите - членки на SWAN Други активности спроведени од страна на ХОПС по повод 1-ви Декември
2006: |
|
![]() |
1-ви Декември во
Програмата за поддршка на КСР - 04.12.2006 Изјавата беше испратена до сите дневни весници на македонски јазик, до еден весник на албански јазик и еден неделен магазин. Сите тие беа и телефонски контактирани за да бидат известени дека информацијата им е испратена. За жал, и покрај остварените контакти со луѓето од сите наведени медиуми, писмото не беше објавено во ниту еден дневен весник, освен неделникот Форум плус. Беше забележано дека за разлика од писмото на SWAN кое има чиста и јасна порака, во останатите комерцијални огласи кои го одбележаа 1-ви Декември преовладуваа информации за бројот на новоинфицирани лица со ХИВ во Македонија. Воедно, Програмата за подршка на КСР организираше активности на отворената скопска сцена со цел доближување на денот за борба против ХИВ/СИДА кон самите сексуални работници, нивни партнери, заштитници и клиенти. Тимот на програмата заедно со неколку ученички од ОУ Браќа Рамиз во Шутка рачно изработија црвени панделки – симболот на борбата против ХИВ/СИДА. На 1-ви Декември панделките заедно со кондоми, лубриканти и печатени материјали беа дистрибуирани меѓу сексуалните работници, нивните партнери, заштитници, потенцијални клиенти и случајни минувачи кои во тој момент се најдоа на сцената. И полицијата беше присутна на самиот терен, вршејќи ги своите редовни
патроли. Истите не ги попречуваа активностите, меѓутоа одбија да примат
црвена панделка. |
|
SWAN |
SWAN Билтен, Издание
бр.6 Година 1, Ноември-Декември 2006 - 11.12.2006 ЛИНК
до Билтенот |
|