SWAN





SWAN


SWAN

SWAN



SWAN
ДДСТ
SWAN
ДДСТ
SWAN
SWAN
SWAN
|
SWAN Билтен, Издание бр.16 Година 2, Декември 2007 - 25.12.2007
Декемвриско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување
на правата на сексуалните работници (SWAN).
ЛИНК до Билтенот
_____________________________________
17 ти ДЕКЕМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ СЕКСУАЛНИТЕ
РАБОТНИЦИ - 17.12.2007
ГРУПА СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС ГО ОДБЕЛЕЖАА
Тепање, силување, навреди, корупција, полициско злоставување – сексуалните
работници се често изложени на ваков тип насилство, а стигматизацијата
на сексуалните работници од општеството и властите води до тоа да таквото
насилство и криминал се сметаат за нормални, и се составен дел од работата
и животот на сексуалниот работник.
За прв пат оваа година и во Македонија, група сексуални работници поддржани
од здружението на граѓани ХОПС - Опции за здрав живот, го одбележаа Меѓународниот
ден за борба против насилството врз сексуалните работници.
Одбележувањето започна со собирање на потписи за петиција со апел `Права,
а не насилство` со која се бараше насилството против сексуалните работници
да биде препознато и санкционирано како кривично дело и сите сексуални
работници, како и сите останати, да бидат подеднакво заштитени од државата.
Потписите за петицијата беа собирани од 1ви Декември, Светски ден за
борба против СИДА до 10ти декември, Меѓународен ден за борба за човекови
права, со што се укажа на поврзаноста помеѓу човековите права и ширењето
на ХИВ/СИДА.
Во Македонија потписи се собираа во Скопје, Охрид, Гостивар, Куманово,
Кавадарци, Струмица и Штип. Својата поддршка ја дадоа 1590 граѓани .
На 17ти Декември, петицијата беше предадена во Одделението за насилен
криминал при МВР со цел започнување соработка во заедничката борба против
насилството врз сексуалните работници и негово санкционирање како кривично
дело.
На 17ти Декември група сексуални работници и нивни подржувачи и пријатели
излегоа на Главниот Плоштад во Скопје и симболично ги отворија црвените
чадори во знак на спротивставување на дискриминацијата и насилството врз
сексуалните работници. Црвениот Чадор е глобален симбол на правата на
сексуалните работници. Црвената е боја на убавината, а Чадорот е симбол
на одбраната од нападите кои доаѓаат од `небото` и луѓето. Тоа ги симболизира
заштитата на сексуалните работници од злоупотребата од страна на клиентите,
макроата, полицијата и игнорантското и полно со предрасуди општество.
На 17ти Декември, сексуалните работници преку дистрибуција на постери
и електронски картички ја испратија својата порака "И СЕКСУАЛНАТА
РАБОТА Е РАБОТА", "НАШИ ТЕЛА, НАШ ИЗБОР` и `ПРАВА, А НЕ НАСИЛСТВО
!".
ЛИНК ДО СЛИКИТЕ

_________________________
17 Декември - Меѓународен Ден Против Насилството врз Сексуалните Работници
- 06.12.2007
Не вртете го погледот: насилството врз сексуалните работници е неприфатливо!
Поради насилството против сексуалните работници, илјадници татковци, мајки, сестри, браќа, сопрузи, сопруги, партнери и пријатели страдаат.
Како поддршка на сите оние кои се предмет на насилство, ние, долупотпишаните, бараме насилството против сексуалните работници да биде препознато и санкционирано како кривично дело.
Бараме сите сексуални работници, како и сите останати, да бидат подеднакво заштитени од државата.
Поддрежете ја онлине петицијата:
http://www.PetitionOnline.com/swan15/petition.html
________________________________
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА по повод 1-ви Декември Светски ден за борба против СИДА - 30.11.2007
Борците за човекови права бараат прекин на насилството врз сексуалните работници
Насилството и кршењето на човековите права допринесуваат за ширење на ХИВ/СИДА, велат тие
1 Декември, 2007 - Скопје
Здруженијата за човекови права од 15 земји денес започнаа со собирање потписи за петицијата за препознавање на насилството против сексуалните работници и за негово санкционирање како кривично дело.
Времетраењето на иницијативата, започната на 1 Декември, Светскиот ден за борба против СИДА, а со траење до 10 Декември, Меѓународниот ден за човекови права, укажува на врската помеѓу човековите права и ширењето на ХИВ/СИДА.
Проституцијата во многу земји е нелегална. Сексуалните работници немаат пристап до образование околу ХИВ инфекцијата и нејзина ефективна превенција. Тие немаат пристап до ХИВ тестови, бесплатни кондоми, медицински третман или советување.
ХИВ инфекцијата неретко е резултат на насилство: сексуалните работници се предмет на тепање, силување, уценување, киднапирање, продавање и купување од трговците со луѓе.
Полицијата не ги заштитува, туку напротив, многу често ги уценува, бара од нив сексуални услуги, и ги користи кондомите најдени кај нив како доказ против нив.
На сексуалните работници сé повеќе им се забранува пристап во централните градски подрачја и се приморани да пребиваат во напуштените и темни делови на градот, каде се уште поранливи на насилството од макроата и клиентите.
Во Македонија потписи ќе се собираат во Скопје, Куманово, Гостивар, Охрид, Кавадарци, Штип и Струмица.
Во Скопје потписите ќе ги собира Здружението на граѓани ХОПС - Опции за здрав живот, а сите заинтересирани граѓани својата поддршка можат да ја дадат и преку интернет:
http://www.Petition Online. com/swan15/petition .html
______________________________
КОД:ЦРВЕНО Скопје, предавање 1 - Изложба на Тадеј Погачар - 25.11.2007
Отворање: понеделник, 26.11.2007 во 20 часот
Ве покануваме на отворањето на изложбата КОД:ЦРВЕНО Скопје, предавање 1 на словенечкиот уметник и куратор Тадеј Погачар што ќе се одржи во press to exit project space во понеделник на 26.11.2007 во 20 часот. Во рамките на отворањето уметникот ќе одржи и кратка уводна презентација. Кураторка на проектот е д-р. Сузана Милевска.
Изложбата е овозможена со поддршката на Отсекот за култура на Градската општина Љубљана и како дел од програмата Предавања, презентации и изложби во press to exit project space ќе биде отворена до 17.12.2007.
Најновото издание на проектот КОД:ЦРВЕНО Скопје, предавање 1, го истражува регионот кој претставува едно од критичните жаришта на трговијата со луѓе. Македонија е значајна географска и стратегиска крстосница на источно – западната и северно-јужната трговија, како во однос на меѓународното илегално тргување со луѓе, така и во однос на принудната проституција. Во последно време во македонската политика почна да се признава постоењето на феноменот на внатрешната принудна миграција, која Македонија ја вклучува во оние земји кои служат истовремено како извор, но и како крајна дестинација на нелегалната трговија со луѓе. Во рамките на проектот пет средношколци галериските ѕидови ќе ги употребат како школска табла. Имено, тие ќе го повторуваат испишувањето на реченицата „правата на сексуалните работнички и работници се човекови права„. Така, уметникот ја нагласува важноста на образованието за раскинувањето на синџирот од конститутивни елементи кои ја овозможуваат општествената толеранција према нарушувањето на човековиоте права на сексуалните работнички и работници. Во проектот учествуваат учениците Марија Д., Лазе Л., Симона Л., Елизабета С. и Марија С., сите од Средното градежно гимназиско училиште „Здравко Цветковски„ под водство на професоркаta по ликовнa уметност Ратка Илиевска –Лале.
Уметникот изразува посебна благодарност до Жарко Трајаноски, магистер по човекови права, Нора Стојановиќ, активист, уметник, Марија Тошева и Марија Тодоровска, претставници на “H.O.P.S.” (Health Options Project Skopje), Марија Николовска од Меѓународната организација за миграција ИОМ – Македонија, НВО “Отворена порта La Strada – Македонија – женско лоби и акција против насилство и трговија со жени” и особено на Културниот центар “Точка” каде на 26 април 2006 година се одржа првата средба на уметникот со експертите и организациите кои работат на оваа проблематика.
За КОД:ЦРВЕНО
Замислен како долгогодишен проект за соработка, КОД:ЦРВЕНО (1999/2000 - ....) истражува модели на неформални економии и само-организирање во контекст на сексуалната работа и трговијата со луѓе. На секој континент индустријата на сексуалната работа обезбедува неопходен извор на приходи за бројни сегменти од популацијата кои се исклучени од доминантната економија. Луѓето принудени на проституција се обесправени социјални групи кои живеат во или надвор од границите на општеството, и кои се осудени или лишени од основните човекови права. КОД:ЦРВЕНО (1999/2000 - ...) го истражува само-организирањето кај маргинализираните групи и заедници што се развиваат надвор од доминантните социјални, економски и политички рамки. Проектот вклучува разновидни форми на соработки: од истражувањa, активизам и само-помагање, до јавни акции, изложби и презентации.

За уметникот: Тадеј Погачар (1960) е уметник, куратор и уметнички директор на P74 Center and Gallery во Љубљана (Словенија). Погачар дипломирал етнологија и историја на уметност на универзитетот во Љубљана. Тој е основач и директор на P. A. R. A. S. I. T. E. Museum of Contemporary Art - виртуелна критичка формација основана во 1993 година. Погачар изложувал на многу меѓународни изложби како на 10-то Меѓународно биенале во Истанбул; Art Institute во Сан Франциско; 49-то Биенале во Сао Паоло; NGBK, Берлин; Манифеста 1, Ротердам; ZKM Karlsruhe; Stedelijk Museum во Амстердам; Museo de Arte Carillo Gil, Мексико Сити; Moderna Museet, Стокхолм, 50-то Венециско биенале и сл.
press to exit project space
gallery: Maksim Gorki 19 (Embassy of Switzerland), MK-1000 Skopje
presstoexit@on.net.mk ; www.presstoexit.org.mk
_____________________________________
Заклучоци од конференцијата: "Потребата од отварање на центри за лекување од дроги во Скопје" - 9.11.2007
Македонската мрежа за намалување на штети со подршка на Министерството за здравство и Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија и Град Скопје на 7 ноември оддржа конференција на тема “Потребата од отварање на центри за лекување на зависности во Скопје”. Од 11-те поканетите градоначалници на општините кои се наоѓаат на територијата на градот, на конференцијата присуствуваа само градоначалникот на град Скопје и градоначалниците на други 2 општини . Министерот за здравство, Имер Селмани, исто така не присуствуваше, иако и неговото присуство беше потврдено.
Претседателот на меѓуресорската комисија за дроги, Илчо Захариев изјави дека метадонската терапија е „замена на една дрога со друга“- изјава на која му беше забележано од д-р Андреј Кастелиц од Република Словенија кој во своето излагање претстави еден поинаков пристап лишен од идеолошки и политички флоскули, пристап во согласност со evidence base medicine .
За отворањето на новите центри за лекување на зависности македонската влада уште пред три години обезбеди средства од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија. Ваквите центри се веќе отворени во неколку градови во државата, но во главниот град Скопје акцијата за нејзино отворање стагнира веќе 3 години. Проблемот во прв ред е кај дел од скопските градоначалници кои не сакаат овие центри да бидат отворени во нивните општини.
На конференцијата се усвои и следниов заклучок.
Ситуацијата со лекувањето на зависноста од дрога во градот Скопје е алармантна. Единствениот центар за лекување нема капацитет да ги прими сите клиенти, а третманот со супститут е затворен за прием нови клиенти веќе неколку години. Многу млади луѓе немаат можност да се лекуваат. Затоа апелираме до Премиерот на Владата на Р. Македонија, Министерот за здравство, министерот за труд и социјална политика и останатите ресорни министерства, како и до сите градоначалници од скопските општини да покажат добра воља и активно да се заложат за отварање на центрите за лекување за кои веќе се обезбедени финансиски средства. Лекувањето е право а не привилегија!
_____________________________________
ПРЕДОЗИРАНИ ОД ОСУДИ- Акција во движење - 25.10.2007
Прв чекор: Парчиња puzzle
Метропола, еден центар за лекување од зависности, долга листа на чекање и неможност здравствениот и социјалниот систем соодветно и навремено да одговори на динамиката која ја диктира проблемот со дрогите.
Втор чекор: Склопи ја сложувалкатa
Со обезбедени финансиски средства за отворање на три нови вакви центри за лекување акцијата стагнира веќе три години. Во нашата рационална и прагматична трка постојано наидуваме на пречки. Од друга страна притисокот и барањата за лекување се се` поголеми. Програмата за лекување со супститут во единствениот центар во Кисела Вода не ги задоволува критериумите и истиот е затворен за прием на нови пациенти веќе неколку години.
Движење: Расфрли ги чекорите
Овозможувањето на лекување е врв на солидарност и хуманост. Симболичниот линк на кој инсистираме ги поврзува храната и лекувањето како солидарно чинодејствување, енергија и пред се` радост на дружењето, пружањето помош, поддршка и квалитетно поминување на времето. Затоа што лекувањето, како и храната е човеково право, а не привилегија.
ПРОГРАМА на настани:
Среда 31.10.2007 КЦ ТОЧ\cКА Маrtchin и Off Pop DJ’s Почеток: 21:00
Четврток 01.11.2007 Парк Жена Борец / на барикадите Улична акција “Лекувањето е право, а не привилегија” Почеток: 12:00
Четврток 01.11.2007 КЦ ТОЧКА Презентација АКТО_2 Фестивал на современи уметности - ХНУ_Истражувачко студио за храна, наука и уметност / ХНУ live performance - Христина Ивановска / Перформанс “Супа од камен” (публиката е задолжена да носи состојки за супата). Почеток: 21:00
Петок 02.11.2007 КЦ ТОЧКА - Проекции на кратки филмови од директните акции на ФРОНТ АИДС / Русија и кратка дискусија - Дискусија за законот за дроги донесен во 2004-та во Бугарија и претставување на акциите на ХАДЕЖ – Бугарија, KY / BORG - настап во живо Почеток: 21:00
Петок 02.11.2007 ХОПС- Капиштец - Работилница за изработка на Fanzine (работилницата е од затворен тип!! Почеток: 14:00
Сабота 03.11.2007 Парк Школка
Почеток: 12:00
Музика и акција од луѓе за луѓе
AMBIMENTAL TUNES chillout, dub, reggae, downtempo, tribal, psychedelic LIVE: DYMONS
DJ’s: LEO, GATAFUL, KAIZER, PSYMODE
БЕНДОВИ reggae, ska, hcjazz, industrial, noise:
CANNON, FIGHTING WINDMILLS, ЈАБОЛКО ЗА ДАСКАЛОТ, WHITE NOISE IN A WHITE ROOM
LUNATICA TRIBE DECOR, FUZZBUBBLE CREW Fire Juggling TRIBAL PERCUSSION JAM, INFO штандови, DIY (Направи сам/а!!) штандови, Улична уметност, Намалување на штети, локална и регионална поддршка.
Сабота 03.11.2007 Арт кафе - Мала Станица Ambimental tunes *следната станица* Afterpark Aмбиентална закуска, chillout и видео проекции Почеток: 21:00
Среда 07.11.2007 Конференција: "Потребата од отварање на центри за лекување од дроги во Скопје"
Сала за конференции на Британски совет во Универзитетска библиотека.
Почеток: 11:00
_____________________________________
SWAN Билтен, Издание бр.14 Година 2, Септември 2007 - 20.10.2007
Септемвриско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување
на правата на сексуалните работници (SWAN).
ЛИНК до Билтенот
_____________________________________
Мобилизација на локалните заедници во Македонија за превенција на ХИВ/СИДА
меѓу младите кои се под најголем ризик - 04.10.2007
НВО ХОПС- Опции за здрав живот, Скопје, во соработка со ММНШ
и општините Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола во периодот
од април - декември 2007 го реализира проектот Мобилизација на локалните
заедници во Македонија за превенција на ХИВ/СИДА меѓу младите кои се под
најголем ризик. Проектот е финансиски поддржан од канцеларијата на УНИЦЕФ
во Скопје.
Главна цел на проектот е зајакнување на капацитетите на локалните заедници
за ефективен и добро кооридниран одговор на локално ниво за обезбедување
на подобар пристап до релевантните основни служби за младите и оние кои
се под најголем ризик за пренесување на ХИВ.
Во периодот април-септември 2007, реализирани се следните проектни активности:
1. Воспоставени се контакти со единците на локалната самоуправа и потпишани
се договори за соработка со локалните власти.
2. Номинирани се локални координатори на проектот во единици на локалната
самоуправа/општините (одговорни за координација на проектните активности
за општинско ниво и работата на локалниот акционен тим).
3. Извршено е мапирање на локалните организации и институции кои обезбедуваат
било какви услуги наменети за младите.
4. Обезбедените податоци од организациите се обработуваат за објавување
на веб страна.
5. Организирани се 3 еднодневни семинари со експерти-консултанти од Скопје,
кои ќе обезбедат стручна помош во изготвувањето на акционите планови на
локално ниво.
Едукатор на првата работилница беше претставник на ЦИРА кој презентираше
содржини за стратешко планирање и изготвување на акциски планови.
6. Во општините Куманово, Штип, Гостивар, Прилеп и Битола беа организирани
еднодневни работилници на кои беа поканети да учествуваат претставници
на организациите (владини и невладини, верски заедници) кои работат со
млади.
7. Организиран е тродневен семинар за акциско плканирање за претставниците
на локалните заедници, како и средба со консултантите од Скопје, со цел
размена на идеи и иксуства, дускусија за идни активности/планови, координација
и поврзување.
Беше ангажиран меѓународен консултант кој ги презентираше искуствата од
добро функционирачки сервиси на локално ниво (најдобра пракса од ЕУ).
Од секоја општина вклучена во проектот учествуваа по 5-6 претставници.
Исто така беа презентирани Националната стратегија за ХИВ/СИДА на Република
Македонија 2007-2011, како и Националната стратегија за дроги на Република
Македонија 2006-2012.
8. Во секој град вклучен во проектот се формираат локални акциски тимови
со претставници на различни организации и институции на локално ниво,
кои во текот на октомври и ноември 2007 година ќе работат на изготвување
на локалните акциски планови за превенција на ХИВ/СИДА кај младите под
голем ризик.
_____________________________________
ХОПС стана член на HIV/AIDS Civil Sociaty Forum - 01.10.2007
ХОПС стана една од 30-те европски организации членки на HIV/AIDS
Civil Sociaty Forum при Европската Комисија во Брисел. Овој форум има
улога на консултативно тело на Европската Комисија при подготовката и
реализирањето на ХИВ/АИДС политиката на Европска Унија. Мандатот на членството
на ХОПС е до 31.08.2010 година.
_____________________________________
SWAN Билтен, Издание бр.13 Година 2, Јули-Август 2007 - 20.09.2007
Летното издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување
на правата на сексуалните работници (SWAN).
ЛИНК до Билтенот
_____________________________________
Едукација на ранливи групи за туберкулоза - 01.08.2007
На ден 13.07.2007 година во просториите на Министерството за
здравство на Република Македонија, во рамките на проектот "Едукација
на ранливи групи за туберкулоза" се одржа еднодневната работилница
за пиер едукатори на ранливи групи за туберкулоза. На едукацијата учествуваа
18 преставници од здруженијата на граѓани ХОПС, ХЕРА, Црвен Крст на Град
Скопје, Психијатриска болница "Скопје", Надеж, сите од Скопје
и АМОС-Битола, Опција-Охрид, ХОПС-Куманово, Младински клуб-Штип, ХЕЛП-Гостивар,
ЗОНА-Кавадарци и Черења-Штип.
Едукацијата беше организирана во соработка со Одделението за имплементација
на активностите поддржани со грант од Глобалниот фонд за борба против
СИДА, Туберкулоза и Маларија, а предводена од Националниот координатор
за туберкулоза на Република Македонија Прим. Д-р Стефан Талевски.
Во следната фаза од проектот која ќе трае до 31.03.2008 година ќе се организираат
едукативни работилници за корисници на дроги, лица на лекување во психијатриски
установи, бегалци, Роми и лица кои живеат со ХИВ/СИДА во Скопје, Гостивар,
Охрид, Битола, Кавадарци, Штип и Куманово и ќе се врши дистрибуција на
информативно-едукативна брошура за туберкулоза.
- - 
- - 
- - 
_____________________________________
Мировен Протест - Центри за лекување, не затвори ! - 13.07.2007
Во понеделник 16.07.2007 година, по повод седницата на Собранието на Р.
Македонија на која треба да се усвои предложениот Закон за Контрола на
опојни дроги и психотропни супстанции, Македонската мрежа за намалувањје
на штети организира мировен протест пред Собранието на Република Македонија
со мото “Центри за лекуванје а не затвори!”.
На протестот ке се делат летоци со повик до пратениците да не гласаат
за законот во оваа форма.
Протестот ќе започне во 9:30 часот и ќе трае до 12 часот.
Ве повикуваме да ни се придружите.
_____________________________________
Центри за лекување, не затвори ! - 13.07.2007
Македонската мрежа за намалување на штети, денес на 13 јули 2007 година,
оддржa прес-конференција по повод Предлог законот за контрола на опојни
дроги и психотропни супстанции кој беше подготвен од работна
група координирана од страна на Министерството за здравство на Република
Македонија и во чија што подготовка и консултации не беше вклучено граѓанското
општество.
Предлог законот има сериозни недостатоци и не е во согласност со Националната
стратегија за дроги, донесена во декември 2006 година, и не е во согласност
со Уставот на Република Македонија. Доколку се усвои овој Предлог закон
и применува во ваква форма, ММНШ смета дека тоа ќе има далекусежни последици
по граѓаните на Македонија.
Предлог законот ги третира лицата кои употребуваат дроги како криминалци
што треба да се “сузбијат”, на исто рамниште со производителите и трговците
со дрога и покрај тоа што во стратегијата усвоена од Владата, се нагласува
дека корисниците на дрога “имаат право на здравствена и социјална помош
и заштита од социјална исклученост”.
Поради тоа , Македонската мрежа за намалување на штети, мрежа на 15 невладини
организации и повеќе експерти предлага:
1. Во Предлог на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни
супстанци, да се внесе одредба со која ќе се декриминализира употребата
( уживањето ) на дроги и психотропни супстанци преку утврдување на количина
за лична употреба. Овој наш предлог е во согласност со Националната
Стратегија за дроги на Република Македонија (2006-2012), усвоена од Владата
на Република Македонија
2. Предлагаме членот 73 од Предлог на Законот за контрола на
опојни дроги и психотропни супстанции да се брише, затоа што
истиот не го почитува начелото на заштита на човековите права од член
25 од Уставот на Република Македонија, и врши дискриминација, стигматизација
и социјално исклучување на корисниците на дроги , што не е допуштено според
член 9 од Уставот на Република Македонија.
3. Да се внесе нова одредба со која ќе се легитимираат програмите
за размена на прибор за инјектирање и истите нема да се подразбираат како
изложување на опасност на други лица на делување на опојна дрога.
Овие програми во Република Македонија се спроведуваат 10 години и се вклучени
и во Националната стратегија за превенција на ХИВ/СИДА 2007-2012 и во
Националната стратегија за дроги на Р. Македонија -2006-2012 .
4. Предлагаме терминот сузбивање да се замени со изразот намалување
на снабдувањето со дрога. Терминот сузбивање не е во согласност
со Националната стратегија за дроги 2006 - 2012 каде се користи изразот
„намалување на снабдувањето со дрога” што пак е во согласност со терминологија
која се употребува во стратегијата за дроги на Европската Унија 2005 -2012.
_____________________________________
SWAN Билтен, Издание бр.12 Година 2, Јуни 2007 - 13.07.2007
Јунското издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на
застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).
ЛИНК до Билтенот
_____________________________________
2 години од Македонска Мрежа за Намалување на Штети -
22.06.2007
На денешен ден 22.06 пред две години се одржа основачкото собрание
на Македонската мрежа за намалување на штети во НВО Инфо центарот во Скопје.
Денес мрежата се состои од 15 здруженија на граѓани, една владина институција
и голем број на интелектуалци- експерти во својата област.
Во овие две години постоење и работа се реализираа голем број на активности
и проекти на локално и национално ниво, а некои веќе се имплементираат
во оваа, 2007 година.
ММНС веќе е препознаена од голем број на домашни и меѓународни организации
и институции, како мрежа која активно работи во полето на намалување на
штети и застапување за правата на ранливите групи во Република Македонија.
Надеж дека успесите ќе продолжат и понатаму, а оние кои ја создадоа ќе
продолжат со нејзината надградба.
www.mhrn.org.mk
_____________________________________
Едукација на ранливи групи за Туберкулоза - 19.06.2007
Во период од 1-ви април 2007 - 31-ви март 2008 во рамките на ХОПС се
имплементира проект "Едукација на ранливи групи за Туберкулоза"
поддржан од Министерство за здравство и Глобален Фонд за борба против
Сида, Тубелкулоза и Маларија.
Проектот се имплементира во партнерство со ММНШ и други партнерски организации
и институции во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Охрид, Битола и Гостивар.
Целна група на проектот се корисници на дрога, бегалци и раселени лица,
лица на лекување во психијатриски установи, лица кои живеат со ХИВ/СИДА
и припадници на ромската заедници.
Активностите на проектот се состојат од градење на капацитети на 20 пеер
едукатори за туберкулоза и организирање и фацилитирање на настани.
Одржување на едукативни сесии за туберкулоза за ранливи групи.
Дистрибуција на информативно - едукативна брошура за туберкулоза.
_____________________________________
Варшавска изјава на застапниците за здравје и права на сексуалните
работници - 15.06.2007
На 18-тата Меѓународна конференција за намалување на штети од
дроги одржана во Варшава, Полска, во Мај 2007, од страна на активистите
за правата на сексуалните работници беше изготвена заедничката изјава
на застапниците за здравје и права на сексуалните работници. Изјавата
беше објавена на конференцискиот веб сајт и публикувана во завршните документи.
Во прилог ја доставуваме изјавата која меѓу другитe беше поддржана и од
страна на ХОПС.
Варшавска изјава - Македонски
Јазик - Англиски
Јазик
_____________________________________
Едукативни работилници за човекови права - 13.06.2007
Во рамките на проектот “Подигање на информираноста за човекови
права” финансиски поддржан од ОБСЕ во текот на следната недела ќе се одржат
едукативни работилници за човекови права помеѓу лицата кои употребуваат
дроги во Скопје.
На 13.06.2007 (среда) со почеток во 16:30 ч. ќе се одржи работилница
во Дроп ин центарот на ХОПС во Стара Чаршија.
На 14.06.2007 (четврток) со почеток во 16:00 ч. ќе се одржи работилница
во Дроп ин центарот на ХОПС во Шуто Оризари.
На 20.06.2007 (среда) со почеток во 16:00 ч. ќе се одржи работилница
во Дроп ин центарот на ХОПС во Капиштец.
_____________________________________
Закон за прекршоци против јавниот ред и мир. - 13.06.2007
На 08.06.2007 во сила стапи Законот за прекршоци против јавниот ред и
мир.
Во 66. број на “Службен весник на Република Македонија” од 31.Мај 2007
беа објавени измените во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир,
што Собранито на Република Македонија го донесе на седницата одржана на
18 мај 2007 година.
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен
весник на Република Македонија”.
Од особен интерес на ХОПС како организација со оглед на полето на делување
и во контекст на Програмите за поддршка на сексуални работници и намалување
на штети претставуваат членовите 19 и 20, а кои се однесуваат на оддавање
на проституција како и оддавање на уживање на наркотични дроги, психотропни
супстанции и прекурзори на јавни места.
Во прилог е 66. број на Службен весник на Република Македонија во кој
се објавени измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир
и се наоѓаат на 6-та страна.
ЛИНК
до измените во законот..
_____________________________________
SWAN Билтен, Издание бр.11 Година 2, Maj 2007 - 14.06.2007
Mајското издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на
застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).
ЛИНК до Билтенот
_____________________________________
Доброволно, Доверливо, Советување и Тестирање за ХИВ - 07.06.2007
ХОПС во соработка со неколку НВО-и и Републички завод за здравствена
заштита (РЗЗЗ) започнувајќи со месец фебруари реализираше теренско доброволно,
доверливо, советување и тестирање за ХИВ (ДДСТ).
Во периодот од 19. фебруари до 30. април 2007 ХОПС реализираше 92 тестирања
за ХИВ.
Теренското ДДСТ продолжува со редовни активности до 31. октомври 2007
и тоа во следните термини:
- секоја втора среда ДДСТ намената за корисници на дрога
(повеќе информации за движењето на теренското возило преку кое се спороведува
ДДСТ може да добиете во дроп ин центрите на ХОПС во Капиштец (тел. 3176
428), Бит пазар (тел. 3130 058) и Шуто Оризари (тел. 071 216 909).
- секој втор четврток наменета за сексуални работници
(повеќе информации за движењето на теренското возило преку кое се спороведува
ДДСТ може да добиете во Дневниот центар за поддршка на сексуални работници
во Гази баба (тел. 2630 499).
_____________________________________
SWAN Билтен, Издание бр.10 Година 2, Април 2007 - 16.05.2007
Априлско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на
застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).
ЛИНК
до Билтенот
_____________________________________
Доброволно, Доверливо, Советување и Тестирање за ХИВ - 03.05.2007
Од месец март 2007 ХОПС во соработка со неколку НВО-и и Републички
завод за здравствена заштита (РЗЗЗ) започна со теренско доброволно, доверливо,
советување и тестирање за ХИВ.
Доколку сакате да се тестирате за ХИВ информациии можете да добиете во
дроп ин центрите на ХОПС во Капиштец (тел. 3176 428), Бит пазар (тел.
3130 058), Шуто Оризари (тел. 071 216 909) и Гази Баба (тел. 2630 499).
_____________________________________
SWAN Билтен, Издание бр.9 Година 2, Mарт 2007 - 16.04.2007
Мартовско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на
застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).
ЛИНК
до Билтенот
_____________________________________
Бременска Декларација - 21.03.2007
На 13.03 2007 на министерската конференција "Responsibility and
Partnership - “Together Against HIV/AIDS" што се оддржа во Бремен,
во организацијa на СР Германија како актуелен претседавач на Европска
Унија беше освоена декларација "Responsibility and Partnership -“
Together Against HIV/AIDS".
Декларацијата е надополнување на претходните верзии од Даблин и Вилнус
и содржи неколку битни одредби. Декларацијата е особено битна за граѓанскиот
сектор бидејќи се потенцира важноста на цивилниот сектор и со тоа се повикуваат
владите повеќе да го инволвираат цивилиот сектор а посебно граѓанските
организации во сите сегменти на борбата против ХИВ/СИДА. Посебен акцент
е даден на цитираме: " people who inject drugs and their partners,
men who have sex with men, young people, women, migrants, children, people
in prisons, men and women involved in prostitutions".
Р. Македонија ја усвои Бременската декларација во состав:
Снежана Цицевалиева - раководител на секторот за евроинтеграции и меѓународна
соработка при Министерство за Здравство
Милена Стевановик - Национален координатор за ХИВ/СИДА
Сандра Кузмановска - раководител на оделението за имплементација на проектот
поддржан од Глобален Фонд
Влатко Деков - Претставник на граѓанскиот сектор од НВО ХОПС - Опции за
здрав живот
ЛИНК до декларацијата
_____________________________________
SWAN Билтен, Издание бр.8 Година 2, Фебруари 2007 - 12.03.2007
Фебруарско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на
застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).
ЛИНК
до Билтенот
_____________________________________
ХОПС стана членка на AIDS Action Europe - 07.02.2007
ХОПС стана членка на Европската мрежа на невладини организации AIDS Action
Europe.
Целта на оваа мрежа е да се овозможи ефективен одговор на ХИВ епидемијата
во Европа и соседните земји во прв ред преку застапување и тоа на глобално,
национално и локално ниво.
Повеќе информации на :
http://www.aidsactioneurope.org/
_____________________________________
SWAN Билтен, Издание бр.7 Година 2, Јануари 2007 - 06.02.2007
Јануарското издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат
на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).
ЛИНК
до Билтенот
_____________________________________ |