АРХИВА НА ВЕСТИ: 2007 | 2006-2005

Реализирана обука на новинари во Софија- 01.03.2010

 

Во рамките на проектот : Addicted to Life: international information campaign for prevention and reduction of risks associated with amphetamines use што ХОПС како партнер го спроведува заедно со организации од Бугарија, Франција и Унгарија, на 26 и 27 февруари во Софија се одржа тренинг за новинари од овие четири земји.

Целта на тренингот беше да се развие правилно разбирање за природата на употребата на дроги и поконкретно употребата на амфетамини, придружните ризици и нивното соодветно презентирање во печатените, електронските или интернет медиумите.

Од Македонија учествуваа претставници од 9 медиуми. Повеќе информации за проeктот можете да прочитате на http://www.addicted2life.eu

_________________

Реализирана обука на тема: Детекција и мотивациско интервју- 12.02.2010

 

Во склоп на активностите кои имаат за цел да формираат неформална мрежа на институции/организации и поединци кои работат со малолетни/млади лица на проблемот на злоупотреба на дроги и да ги подигнат капацитетите на истите во однос на рана детекција и интервенција се организираше обука на тема Детекција и мотивациско интервју.

Обуката беше изведена од страна на Marcel Seuninga, VNN Education and prevention од Холандија, а се оддржа на  2-ри и 3-ти февруари 2010 година во просториите на Град Скопје, од 10:00 часот до 16:00 часот.

Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот, Скопје во периодот ноември 2008 – март 2011 година во партнерство со ТРИМБОС Институтот за ментално здравје и зависности од Холандија и Министерството за образование и наука на Р. М., како и Град Скопје и средното училиште АСУЦ “Боро Петрушевски”, Општина Тетово и ОСМУ “Никола Штејн”, Општина Струмица и СОУ “Јане Сандански”, го реализира проектот “Воспоставување на програма за превенција од злоупотреба на дроги во училиштата во Р. Македонија”.

_________________

Денес е 17ти Декември, Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници.“ - 17.12.2009

 

Во Македонија, како и низ светот, сексуалните работници се истуркани на маргините од општеството преку комбинација од предрасуди, дискриминација, и насилство. Навредите и омразата ги обременуваат нивните животи, доминираат во медиумските извештаи, и го насочуваат пристапот на институциите кон нив. Но, животот на сексуалните работници се состои од многу повеќе, и продавањето сексуални услуги не го оправдува негирањето на основните човекови права, кои треба им бидат загарантирани на сите луѓе подеднакво.

“Треба да Знаеш за Мене” е приказна за искуствата и желбите на сексуалните работници на и вон улицата, раскажана од прва рака. Справувајќи се со малтретирањето и насилството од клиентите, макроата и полицијата, сексуалните работници се трудат да му се спротивстават на негативниот општествен став со тоа што гласно проговараат и се борат за своите основни права.

Овој филм повикува на нула толеранција за насилството против сексуалните работници, соодветна истрага и гонење на сторителите, и координиран одговор од институциите за вистинските потреби на сексуалните работници.

Погледнете и превземете акција: http://hub.witness.org

_________________

Панел дискусија на тема „Стигма и дискирминација на Сексуални работници во Република Македонија“ - 15.12.2009

 

Во рамките на проектот "Македонија без дискриминација", невладината организација ХОПС- Опции за здрав живот Скопје организира панел дискусија на тема:

Стигма и дискирминација на Сексуални работници во Република Македонија

Панел дискусијата ќе се одржи на 17.12.2009 (четврток) со почеток во 11часот, во просториите на Клуб на новинари во Скопје.

На панелот свое излагање ќе имаат Катерина Партинова од ХОПС која ќе ја претстави Декларацијата за правата на сексуалните работници во Европа, Хајди Штерјова Симоновиќ од ХОПС која ќе зборува на тема „Стигма и дискриминација на сексуалните работници во Република Македонија“, а Марија Тошева исто така од ХОПС ќе го промовира крактиот филм "Треба да знаеш за мене".

.__________________

17 Декември - Ден за борба против насилството врз Сексуалните работници/чки - 14.12.2009

 

Недела на човекови права

По повод 17 Декември-Ден за борба против насилството врз Сексуалните работници/чки и 10 Декември - Ден на човековите права во рамките на Програмата за поддршка на Сексуални работници/чки со цел да се одбележат овие денови се организира Недела на човекови права 10-17 Декември со разни активности во Дневниот центар и на терен.


На 10 декември се спроведе едукативна работилница на која беше прикажан филм со тематика човекови права а потоа имаше кратка презентација за значењето на денот.
Понеделник (14.12) ќе се спроведе работилница - Законска регулатива и СР и придобивките од легализација, вторник (15.12) ќе се прикаже филмот - Треба да знаеш за мене и ќе има психо-социјална работилница за насилството и емоциите поврзани со него.


Во среда (16.12) ќе се изработува постер на тема 17 Декември и човековите права, а во четврток (17.12) повторно ке се прикажува филмот - Треба да знаеш за мене, ќе има презентација за значењето на денот, мала забава организирана од Сексуалните работници/чки по што ќе се делат црвени чадори (акотивностите се од затворен тип).
На терен ќе се дели Манифестот на СР и летоци со кратка приказна за 17 Декември.

__________________

Панел дискусија "Корисниците на дроги во медиумите стигма и дискриминација"“ - 13.11.2009

 

ХОПС – Опции за здрав живот во соработка со Коалицијата за промоција и заштита на СЗП на маргинализираните заедници, и со поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, има чест да Ве покани на панел дискусија:

‘Корисниците на дроги во медиумите – стигма и дискриминација‘

Панел дискусијата ќе се одржи на 17.11.2009 (втроник) во Клуб на Новинари, од 10:30ч до 12:30ч. Свои излагања ќе имаат: Ирена Цветковиќ, истражувач; Лазар Бундев, активист за правата на корисниците на дроги; Славица Кнежевиќ- Гајдазис, невропсихијатар и субспецијалист за зависности, а средбата ќе биде модерирана од Жарко Трајановски, истражувач, блогер, колумнист и активист.

.__________________

Панел дискусија „ЛГБТ во медиумите“ - 29.10.2009

 

ХОПС – Опции за здрав живот во соработка со Коалицијата за промоција и заштита на СЗП на маргинализираните заедници, и со поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, има чест да Ве покани на панел дискусија:

„ЛГБТ во медиумите – заштита од говор на омраза“

Панел дискусијата ќе се одржи на 30.10.2009 (петок) во хотел Арка (мала сала), од 10:30ч до 12:30ч. Свои излагања ќе имаат: Славчо Димитров, истражувач; Беким Кадриу, експерт за човекови права; Тамара Чаусидис, Совет на честа при здружението на новинари на Македонија; Кочо Андоновски, активист за правата на ЛГБТ, а средбата ќе биде модерирана од Жарко Трајановски, истражувач, блогер, колумнист и активист.

__________________

Панел дискусија ‘Сексуалните работници во медиумите – правото на приватност е човеково право‘ - 16.10.2009

 

ХОПС – Опции за здрав живот во соработка со Коалицијата за промоција и заштита на СЗП на маргинализираните заедници, и со поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, има чест да Ве покани на панел дискусија:

‘Сексуалните работници во медиумите – правото на приватност е човеково право‘

Панел дискусијата ќе се одржи на 21.10.2009 (среда) во хотел Арка (мала сала), од 10:30ч до 12:30ч. Свои излагања ќе имаат: Жарко Трајановски, истражувач;  Зоран Бојаровски, новинар;  Елена Стојановска, Дирекција за заштита на јавни податоци; Марија Тошева, ХОПС, а средбата ќе биде модерирана од Ирена Цветковиќ, истражувач, колумнист и активист.

__________________

Одржана прва меѓународна конференција Ресоцијализација и рехабилитација на лица зависни од дроги во Македонија - 16.10.2009

 

Во периодот од 13-15 Октомври 2009, ХОПС - Опции за здрав живот Скопје организираше меѓународна конференција - Ресоцијализација и рехабилитација на лица зависни од дроги. На конференцијата учествуваа експерти - претставници на организации и институции кои работат на полето на ресоцијализација и рехабилитација на лица зависни од дроги од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка и Полска, како и високи претставници на локалната и државната власт од овие земји. На конференцијата неколку пати беше истакното дека сите истражувања покажуваат дека државата има најмногу трошоци кога корисниците на дрога не се во ниту една програма или пак се во затвор. Тоа се најкапите опции за една држава. Истражувањата покажуваат и дека за секое вложено евро во овие програми државата заштедува помеѓу 4 и 7 евра, пред се како резултат на превенирање на криминални активности.

На конференцијата беа усвоени следниве заклучоци и препораки.

1. Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во своите годишни програми да предвидат отварање / финансирање на програмите за ресоцијализација и рехабилитација .
2. Во програмата на Владата на Р. Македонија за претпристапните фондови на ЕУ да се предвидат и програмите за ресоцијализација и рехабилитација на лица зависни од дроги
3. Да се регулира статусот на персоналот во дневните центри за ресоцијализација на корисници на дроги и нивните семејства кои ги раководи Министерството за труд и социјална политика
4. Да се регулира статусот на персоналот во дневните центри за превенција и третман на зависности од дроги кои ги раководи Министерството за здравство
5. Да се формира интернационална мрежа на организации и експерти која ќе се залага за водење на една хумана, рационална и ефективна политика на дроги.

Овие заклучоци и препораки ќе бидат доставени до сите надлежни министерства и до Владата на Р. Македонија.

__________________

Работилница „Медиумите, не-дискриминацијата и маргинализираните заеднициа - 9.10.2009

 

На 04.10.2009, во Клуб на Новинари во Скопје, ХОПС во соработка со Коалицијата за промоција и заштита на СЗП на маргинализирани заедници, спроведе работилница со новинари на тема ‘Медиуми, не-дискриминација и маргинализираните заедници‘.

Целта на работилницата беше да новинарите добијат информации за ЛГБТ популацијата, Сексуална работа и Корисниците на дрога во Македонија, да се воспостави дијалог помеѓу невладиниот сектор и новинарите во врска со наведените теми и да се разгледа и потенцира улогата на медиумите во борбата против стигмата и дискриминацијата, особено насочена кон маргинализираните групи.

Настанот е дел од пошироки активности кои опфаќаат истражувачки дел на медиумите и маргинализираните заедници, работилници со новинари и тематски панел дискусии. Активностите финанскиски се поддржани од Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Македонија.

__________________

Годишна средба на SWAN (Sex Work Advocacy Network) во Македонија - 29.09.2009

 

Од 16 до 24ти Септември, во Охрид, Македонија, се одржа третата годишна средба на SWAN, на која учествуваа 50 претставници на организации и групи на сексуални работници од 16 земји во регионот на Источна Европа и Централна Азија.

Самата средба претставуваше комбинација од повеќе настани – работилница за самоорганизирани акции на сексуалните работници, стратешко планирање на самата мрежа, обука за документирање на кршење на правата на сексуалните работници, обука за работа со медиуми, дискусии на теми од заеднички интерес на претставниците – промоција на регионален извештај за сексуалните работници и полициското насилство, координирање на регионалната кампања по повод 17ти Декември и слично.

Домаќин и организатор на годинашната средба беше ХОПС – Опции за здрав живот, членка на SWAN уште од самото формирање на мрежата во 2006 година.

__________________

Студиска посета во Република Чешка- 13.08.2009

 

 

Во рамките на проектот  “Развивање на партнерства за ефикасни јавни сервиси за рехабилитација и ресоцијализација на корисниците на дрога во Македонија”, во периодот 28.06 – 02.07 2009,  9 члена делегација од Р. Македонија беше на студиска  посета во Прага,  Република Чешка .

Посетата беше реализирана во партнерство со Невладината организација САНАНИМ од Прага. Целта беше да се стекнат знаења и информации за функционирањето на тераписките заедници во Чешка и да се разменат искуства за развивањето на сервисите за ресоцијализација и рехабилитација меѓу невладините организации и клучните институции од двете земји. 

Делегацијата беше составена од претставници на Министерство за труд и социјална политика , Град Скопје, Општина Струмица, Македонска православна црква, ХОПС, Избор - Струмица,

Проектот е финансиски поддржан од програмата Исток-Исток на Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија.

__________________

Одржан форум од страна на ХОПС - 09.07.2009

 

 

На 19-ти јуни 2009-та година во просториите на ЕУ Инфо Центарот во рамките на проектот „Македонија без дискриминација ХОПС организираше форум на тема „Стигма и дискриминација на лицата кои употребуваат дрога“ . На форумот беа претставени две презентации - „Стигма и дискриминација на лицата кои употребуваат дрога“ од страна на Наташа Бошкова , правна советничка и „Правото на лекување на лицата кои употребуваат дрога“ од страна на Влатко Деков, извршен директор на ХОПС.

На форумот беа донесени следниве заклучоци:
- Во Република Македонија стигмата и дискриминацијата на лицата кои употребуваат дрога е на виско ниво.
- Итражувањата покажуваат дека стигматизираат сите : од локалното население, политичарите , професорите па се до медицинските лица.
- Легислативата во Република Македонија ја поткрепува стигмата со тоа што ги криминалицира лицата кои користат дрога.
- Лекувањето на лицата кои употребуваат дрога наспроти нивното затворање е финасиски поисплатиливо за државата
- Метадонската програма во Р.М. не е доволна за да одговори на реалните потреби кои произлегуваат од актуелната ситуација во земјата
- Малолетниците кои употребуваат дрога се занемарени од страна на институциите.

Предлози:
- Да се едуцираат сите стручни профили кои работат со лица кои употребуваат дроги со цел спречување на стигмата и диксриминацијата врз лицата кои употребуваат дроги
- Да се развиваат повеќе програмии проектикои ќе работат на промоција на правата на лицата кои употребуваат дроги и намалување на стигмата врз нив .
- Да се донесе законска регулатива со која ќе се овозможи поголемо почитување на правата на лицата кои употребуваат дроги и истите нема да се третираат како криминалци
- Да се воведат повеќе опции за лекување на зависноста
На форумот присуствуваа претставници на институции и невладини организации кои работат со корисниците на дрога како и претставници од медиумите во земјата.

__________________

SWAN Билтен, Издание бр. 24 април/март 2009 - 6.7.2009

Објавено е 24-тото издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN) за април и мај.

Од билтенот издвојуваме:

Македонија: Сексуалните работници можат да бидат добри едукатори.
Мај 20-ти - 24-ти, 2009-та, Скопје - 13 сескуални работници од три града имаа средба на тренинг за врсничка едукација која беше организирана од ХОПС и ХЕРА, претставник на SWAN во Македонија, а подржана од UNFPA во Македонија. Повеќе…

Сексуалните работници во Индија лекции по карате
Сексуалните работници во јужно-индиската Тамил Наду започна да земаат лекции по карате со цел да се заштитат себе си од насилните муштерии и макроа. Повеќе…

Камбоџа: МТВ Exit кампањата индиректно дава подршка на насилен закон против трговија на луѓе
Камбоџа, 2009-та Сексуалните работници во Камбоџа се ужаснати од начинот на кој МТВ застапува борба против трговија на луѓе на штета на безбедноста и правата на локалните сексуални работници. Повеќе...

Србија: Дроп-ин центарот на Јазас за сексуални работници воведе нови забавни активности
Од своето отворање во 2009-та, дроп ин центарот за сексуални работници, кој го води ЈАЗАС, претставник на Swan од Србија, успешно воведе нови активности. Повеќе…

ЛИНК до Билтенот

___________________

ХОПС стана членка на IHRA - 28.05.2009

Во март 2009-та ХОПС- Опции за здрав живот- Скопје официјално стана членка на Меѓународната асоцијација за намалување на штети (The International Harm Reduction Association).

Меѓународната асоцијација за намалување на штети (IHRA), на глобално ниво, претставува водечка организација за промоцијата на пристапот на намалување на штети за сите психоактивни супстанции.

Организацијата е формирана во 1996-та. Развиена е од страна на 10 индивидуи со задача да се одговори на потребата од споделување на знаењето и комуникација за времето помеѓу одржувањето на Меѓународнате конференции за намалување на штети од употребата на дроги.

Главната цел на IHRA е намалувањето на негативното социјално, здравствено и економско влијание од нелегалните дроги, алкохолот и тутунот врз индивидуите, заедниците и општеството.
IHRA работи на повеќе полиња на кои го промовира намалувањето на штети во глобални рамки.

Активностите на организацијата се поделени во пет општи категории: конференции, застапување и кампањи, вмрежување, истражување и комуникација/односи со медиуми. Повеќе информации на сајтот на IHRA - www.ihra.net

__________________

Студиска посета во Босна и Херцеговина - 22.05.2009


 

Во рамките на проектот  “Развивање на партнерства за ефикасни јавни сервиси за рехабилитација и ресоцијализација на корисниците на дрога во Македонија”,  9 члена делегација од Р. Македонија беше на студиска посета во Босна и Херцеговина .

Целта беше да се стекнат знаења и информации за функционирањето на терапевтските заедници во Босна и да се разменат искуства за развивањето на сервисите за ресоцијализација и рехабилитација меѓу невладините организации и клучните институции од двете земји. Делегацијата беше составена од претставници на Министерство за труд и социјална политика , Град Скопје, Клиника за токсикологија Скопје, ХОПС, Избор – Струмица.

За време на посетата делегацијата беше примена и од амбасадорот на Република Македонија во Босна и Херцеговина, неговата екселенција г-дин Михајло Трпкоски.
Проектот е финансиски поддржан од програмата Исток-Исток на Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија.

___________________

Промовиран Акциониот план за имплементација на Националната стратегијата за млади на РМ. - 14.05.2009


На 7-ми април 2009-та година Владата на РМ го усвои Акциониот план за имплементација на Националната стратегијата за млади на РМ. Веќе на 11-ти април во просториите на Агенција за Млади и Спорт беше одржана промоција на Акциониот План за имплементација на НСМ.

Процесот на изготвување на Акциониот план се спроведуваше во период од 14 месеци. Во процесот на изготвувањето на Акциониот план беа вклучени 80 претставници од Здруженијата на граѓани од РМ и Министерствата при Владата на РМ, кои што учествува во работните групи за секој од осумте приоритети од Националната стратегијата за млади.

Изготвениот Акционен план беше доставен на разгледување до сите Министерства при Владата на Република Македонија и организациите кои што работат на родова еднаквост. За драфт Акциониот план добивме 337 забелешки (81 од Министерствата при Владата на РМ, 155 од Организациите кои што работат на родова еднаквост и 101 од организираната Јавна расправа за драфт Акциониот план со младинските здруженија во РМ).

Националната комисија за изготвување на акциониот план за имплементација на Националната стратегијата за млади прифати 193 забелешки од пристигнатите 337 за драфт Акциониот план.

Превземете го Акциониот план за имплементација на НСМ.

___________________

SWAN Билтен, Издание бр. 23 Февруари/Март 2009 - 6.04.2009

Објавено е февруарско/мартовското издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).

Од билтенот издвојуваме:

Во фокус: 3-ти март, Меѓународен ден на правата на сексуалните работници
Денот е востановен во 2001-та кога над 25 илјади сексуални работници се собраа во Индија на фестивал на сексуалните работници. Организаторите на првиот фестивал беше Комитетот Durbar Mahila Samanwaya, група која чие седиште се наоѓа во Калкута и чие членство брои повеќе од 50 илјади сексуални работници и членови на нивните заедници. Здруженијата на сексуалните работници од целиот свет го слават 3-ти март како Меѓународен ден на правата на сексуалните работници.

Можете да прочитате повеќе за инсторијата на овој ден на Women's Rights blog
Како сексуалните работници во Њујорк го прославија овој ден можете да погледнете на следниов линк LISTICLES.

Партнерство во акција - ХОПС користи видео во заштита на правата на сексуалните работници

ХОПС започна партнерство со Витнес (www.witness.org), оргнанизација за заштита на човековите права со седиште во Њујорк а која делува глобално и промовира видео активизам како ефикасен алат за промоција на правата на различни групи во започнати камапањи за човекови права. Партнерството помеѓу ХОПС и Витнес се состои од развивање на план за застапување преку видео во овогодишната кампања по повод 17-ти декември. Повеќе...

ЛИНК до Билтенот

___________________

Одржана обука на тема  Училишна програма за превенција на дроги- 23.12.2008


Во рамките на активностите на проектот “Воспоставување на програма за превенција од злоупотреба на дроги во училиштата во Македонија”, во периодот од 15 – 18 декември 2008 година, во хотел Амбасадор, Скопје се одржа првата обука на тема “Училишна програма за превенција на дроги”.

Обуката беше изведена од Bart Uitterhaegen и Jeroen Lammers од ТРИМБОС Институтот од Холандија, на која учесниците од трите градови Струмица, Тетово и Скопје, се стекнаа со знаења и вештини на следниве теми: Вештини за обучување, Теорија на превенција, Училишна превентивна теорија, Здраво училиште и дроги, 4 столбови:1. Училишна политика и протоколи за дроги; 2. Знаење за дрогите/супстанци; 3. Рано откривање и кратка/брза интервенција; 4. Вклучување на родителите.

Превентивните тимови во следниот период ќе подготват акциони планови за проценка на трите пилот училишта (АСУЦ Боро Петрушевски – Скопје, СОУ Јане Сандански – Струмица и ОСМУ Никола Штејн - Тетово) во кои ќе се спроведува превентивната програма.  

Обуката беше организирана од страна на здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје во партнерство со ТРИМБОС Институтот, Холандски институт за ментално здравје и зависности, со финасиска поддршка од МАТРА програмата на Министерството за надворешни работи на Холандија.

___________________

Oдбележан 17 декември - Ден на борба против насилството врз сексуалните работници - 18.12.2008

 

ГРУПА СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ И НИВНИ ПОДДРЖУВАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА ВЧЕРА ГО ОДБЕЛЕЖАА 17-ти ДЕКЕМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ

Тепање, силување, навреди, корупција, полициско злоставување – сексуалните работници се често изложени на ваков тип насилство, а стигматизацијата на сексуалните работници од општеството и властите води до тоа да таквото насилство и криминал се сметаат за нормални, и се составен дел од работата и животот на сексуалниот работник.

Веќе вторпат оваа година во Македонија, Неформалното здружение на активисти за правата на сексуалните работници во Македонија “СТАР“ и Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализирани заедници, го одбележаа Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници.

Одбележувањето започна на 17ти Декември, со тоа што група сексуални работници и нивни подржувачи и пријатели излегоа на Отворената сцена во Скопје и симболично ги отворија црвените чадори во знак на спротивставување на дискриминацијата и насилството врз сексуалните работници.

Црвениот Чадор е глобален симбол на правата на сексуалните работници. Црвената е боја на убавината, а Чадорот е симбол на одбраната од нападите кои доаѓаат од `небото` и луѓето. Тоа ги симболизира заштитата на сексуалните работници од злоупотребата од страна на клиентите, макроата, полицијата и игнорантското и полно со предрасуди општество.


Во рамките на акцијата во Културниот центар Точка беше организирана изложба “Мое тело мој избор“. Изложбата беше од мултимедијален карактер, сочинета од фотографии, музика и текстуални пораки. Со изложбата на фотографии беа пренесени најразлични пораки за правата на сексуалните работници и беа претставени различните типови на сексуална работа. Изложбата беше значително посетена, што дава надеж дека свеста помеѓу граѓаните на Република Македонија почнува да расте по однос неопходноста за почитување на човековите права на сексуалните работници и нивната еднаквост во уживањето на истите.

На 17ти Декември
оваагодина, сексуалните работници преку изложбата, дистрибуција на постери и картички ги испратија своите пораки `СЕКСУАЛНАТА РАБОТА Е МОЈА РАБОТА`, `РОПСТВОТО И НАСИЛСТВОТО НЕ СЕ ДЕЛ ОД НИЕДНА ПРОФЕСИЈА`,  `ПРАВА, А НЕ НАСИЛСТВО !`...

______________________

17 декември - Ден на борба против насилството врз сексуалните работници - 16.12.2008

 

17ти Декември е Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници. На овој ден сексуалните работници, нивните поддржувачи и активисти за човекови права ширум светот се собираат и организираат за да укажат на кривичните дела од омраза извршени врз сексуалните работници и да им оддадат почит на жртвите на насилството.

Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Ани Спринкл (проститутка/порно ѕвезда која подоцна станува сексолог) и Sex Workers Outreach Project USA  како помен и мирен протест во име на жртвите на Убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон, кој на 18ти Декември 2003 е осуден на 48 доживотни казни затвор и по 10,000 $ за секоја убиена сексуална работничка.


Одтогаш навака, наделата околу 17ти Декември, организациите на сексуални работници низ светот организираат различни настани, акции и помени за да ја зголемат свесноста во општестовото дека насилството врз сексуалните работници се случува секојдневно. Навреди, тепање, понижувања, силувања, дури и убиства.  Постоечките закони ги спречуваат сексуалните работници да го пријавуваат тоа насилство. Стигмата и дискриминацијата кои постојано се повторуваат придонесуваат да го гледаме тоа насилство како прифатливо и оправдано.


Во Македонија оваа година по вторпат, неформалното здружение на активисти за правата на сексуалните работници -“СТАР“ и Коалицијата за промоција и заштита на правата на маргинализираните заедници ќе го одбележи овој Меѓународен ден за борбата против насилството врз сексуалните работници преку организирање на неколку активности:

  • Изложба на тема “Мое тело мој избор“ во културниот центар “Точка“ со почеток од 20 часот.
  • Пред изложбата, од страна на поддржувачи на акцијата, симболично ќе се отворат црвените чадори во знак на спротивставувањето на дискриминацијата и насилството, а воедно ќе се даде и поддршка на сексуалните работници.
  • Дистрибуирани и постери и картички со кои ќе бидат испратени и пораките “СЕКСУАЛНАТА РАБОТА Е МОЈА РАБОТА“, “РОПСТВОТО И НАСИЛСТВОТО НЕ СЕ ДЕЛ ОД НИЕДНА ПРОФЕСИЈА“ и “ПРАВА, А НЕ НАСИЛСТВО“

Црвениот чадор е меѓународен симбол на солидарноста на сексуалните работници.
Црвената е боја на убавината, додека пак чадорот го претставува отпорот против нападите кои доаѓаат од небото и луѓето. Тоа ја симболизира заштитата против злоупотребата на која се подложени сексуалните работници од страна на полицијата, макроата, клиентите, како и од игнорантското и дискриминаторско општество.

______________________

Дајте им подршка на сексуалните работници во Македонија -16.12.2008

Ве молиме да го потпишете и препратите ова протестно писмо упатено до минситерката и заменикот министер за внатрешни работи, раководителот на Секторот за внатрешна контрола, министерот за здравство и народниот правобранител во врска со неодамнешниот  случај на приведување на група на сексуални работници.


Властите во Република Македонија неколку пати застанаа во одбрана на полицијата која во овој случај изврши кршење на дел од човековите права на приведените лица, и со тоа намерно придонесоа во создавањето на клима во која владее нетолеранција која ќе го зголеми ризикот за понатамошни прекршувања вклучувајќи го и насилството врз сексуалните работници.


Испратете го вашето име, позиција и името на вашата организација до 16 декември на емејл адресата  schu@aidslaw.ca. Писмото ќе биде испратено на 17 декември, на Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници.

Симнете го писмото овде.

________________________

SWAN Билтен, Издание бр. 21 Година 3, Есен 2008 -15.12.2008

Објавено е есенското издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).

Од билтенот издвојуваме:

Во фокус : Македонија: Полициски рации, приведувања, принудни СПИ тестови

Повеќе од 30 сексуални работници, клинети, посредници и еден социјален работник на ХОПС, членка на СВАН, беа приведени во масовна рација. Сексуалните работници биле приморани да направат СПИ тестирања, а граѓанскиот сектор тврди дека имaло сериозни прекршувања на човекови права.

На сексуалните работници во Македонија им е потребана вашата помош: Потпишете го Отвореното писмо до македонската Влада

Реакција на сексуалните работници и застапниците за нивните права: Што беше сторено?

ЛИНК до Билтенот

________________________

СВАН – Мрежа за промоција на правата на сексуалните работници во Централна и Источна Европа и Централна Азија

Отворено писмо до македонската влада по однос на притворот, присилното тестирање и тужбите поднесени против сексуалните работнички во Македонија во ноември, 2008

Будимпешта, 5ти декември 2008-12-08

Почитувани:

Г-ѓо Гордана Јанкулоска, Министер за внатрешни работи,

Г-ѓо Анета Станчевска, Вице-Премиер за внатрешни работи и главна на Секторот за внатрешна контрола

Г-дине Иџет Мемети, Народен правобранител

Г-дине Бујар Османи, Министер за здравство

Ние, поддржувачи и претставници на интернационалната заедница на сексуални работници и организации и индивидуалци кои ги промовираат човечките права, најостро ги осудуваме актуелните полициски акции и присилното тестирање за СПИ на сексуални работнички во Скопје, Македонија, во ноември 2008.

Во тие полициски акции, МВР на неколку начини изврши сериозни прекршувања на човековите права на граѓани на Република Македонија.

Со дозволувањето и повикувањето на медиумите да ги снимаат и фотографираат приведените сексуални работнички и потоа со објавувањето дека седум од нив се обвинети за кривично дело, МВР двапати го прекршија правото на презумција на невиност. Исто така, МВР ги откри идентитетите на на обвинетите, и покрај тоа што судска одлука не беше донесена.

Македонскиот Устав, највисокиот правен акт на Републиката, пропишува  презумција на невиност: „Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. [1]

Понатаму, Уставот пропишува дека „Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествена положба.” [2] Во полициските акции само сексуалните работнички беа присилно тестирани, додека приведените клиенти не биле ниту присилени на тестирање, ниту обвинети за интенционално ширење на инфекции.

Било која земја која бара членство во ЕУ мора да ги исполни условите поставени во Член 49 и принципите изнесени во Член 6(1) од Договорот за Европската Унија. Релевантните критериуми беа утврдени од Европскиот Совет во Копенхаген во 1993 и засилени од Европскиот Совет во Мадрид во 1995.

За да стане дел од ЕУ, новата земја членка треба да исполни три критериуми, меѓу кои првиот е политички: стабилност на институциите кои гарантираат демократија, владеење на законот, човекови права и почит и заштита на малцинства.

Оваа незаконска акција од страна на македонската полиција сериозно и  наштети на македонската позиција во својата молба да стане дел од семејството на европски нации.

Дозволувајќи им на медиумите да објавуваат фотографии и снимки од приведените сексуални работници и со објавувањето на имињата на улиците каде тие работат, Министерството за внатрешни работи ги изложи на потенцијално насилство не само сексуалните работнички кои работат на тие улици, туку и било која жена која во иднина ќе се најде таму. Ние бараме да се преземат мерки за да се спречи потенцијалното насилство на наведените улици и региони.

Присилното тестирање за СПИ експертите за човекови права го сметаат за нечовечко и деградирачко, а медицинските професионалци за неетичко и контрапродуктивно во однос на контрола на инфекции. Светската Здравствена Организација и УНАИДС во нивното Упатство за ХИВ тестирање и советување во здравствени установи, издадено во 2007, препорачуваат дека:

 

  1. Секое ХИВ тестирање мора да биде доброволно, доверливо и изведено со согласност на пациентот.
  2. Пациентите имаат право да го одбијат тестирањето. Не смеат да се тестираат за ХИВ против нивната волја, без нивно знаење, без адекватни информации и без да ги добијат тест резултатите.
  3. Информирањето пред тестот и советувањето по тестот остануваат интегрални компоненти на процесот на ХИВ теститање.
  4. Пациентите треба да добијат поддршка за да се избегнат потенцијални негативни последици од знаење и откривање на нивниот ХИВ статус, како дискриминација или насилство.

Со обвинување на Хепатитис-Ц позитивните сексуални работнички за интенционално заразување на граѓаните и со откривање на идентитетот на обвинетите, властите ги подриваат напорите на програмите за превенција во главните општествени текови и ќе ги обесхрабрат и исплашат македонските граѓани да вршат доброволно тестирање.

Ги повикуваме медиумските куќи, новинарските асоцијации и медиумските репортери да бојкотираат слични идни повици од страна на полицијата да ги снимаат обвинетите пред да се изречат судски пресуди. Во такви случаи медиумите се користат како инструменти за незаконска деградација и стигматизација на обвинети кои се невини додека не се докаже спротивното.

Информирано учество и известување за такви акции е не само неетичко, туку е и учество во незаконско дело.

Ги повикуваме македонските граѓани да застанат во одбрана на човековите права на сексуалните работници; сексуалните работници се луѓе и треба човечки да се третираат. Сите ние треба да ги браниме човековите права на секој граѓанин, затоа што ако нечии права се прекршени, нашите се загрозени. Вчера евреите, јеховините сведоци и ментално онеспособените, денес сексуалните работници, хомосексуалците и ромите, утре секој од нас би можел да биде жртва на незаконско приведување, насилство, деградација, присилно СПИ тестирање и вербално напаѓање во медиумите, освен ако не создадеме општество во кое законите се спроведуваат еднакво за сите и сите се еднакви пред законот.

Ние имаме разбирање за грижата за здравјето и благосостојбата на македонскиот народ, но благосостојбата на една група никогаш не е оправдана со репресија на други, особено на маргинализирани и стигматизирани социјални групи како сексуални работници, МСМ, и претставници на ЛГБТ заедницата.

Секоја акција на националните агенции за спроведување на законот која ги има за цел овие ранливи групи мора да биде во консултација и координација со Министерството за здравство и агенциите за социјална работа.

Бараме Министерството за Внатрешни Работи да ги истражи причините, процедурите и последиците од апсењата и присилното тестирање и да се потсети дека самата суштина на агенциите за спроведување на законот е да се обезбеди владеење на законот и демократијата и да се гарантираат човекови права и граѓански слободи [3] за сите граѓани во државата.

Имајќи ги предвид сите интернационални договори и спогодби поврзани со човекови права потпишани од Република Македонија, бараме такви репресивни акции да не се преземаат во иднина и сите прекршувања на правата на приведените да се исправат. Сигурни сме дека Македонија има потенцијал во понатамошното развивање на граѓанската и демократската состојба.



[1] Параграф 2, Член 13 од Устав на Република Македонија

[2] Параграф 2, Член 9 од  Устав на Република Македонија, http://www.b-info.com/places/Macedonia/republic/Constitution.txt

[3] Види Преамбула на Устав на Република Македонија, http://www.b-info.com/places/Macedonia/republic/Constitution.txt

___________________

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАЈ И ПОВИК ЗА РЕАКЦИЈА - 1.12.2008

Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници (ХОПС, ХЕРА, МАССО, ЕГАЛ, ММНШ, СТАР, ИЗБОР) најостро ја осудува “координираната акција за сузбивање на уличната проституција“ на СВР Скопје и смета дека постојат сериозни индикации за серија груби процедурални грешки, злоупотреба на службената должност и прекршување на основните човекови и здравствени права на приведените сексуални работници, а воедно и нивна директна дискриминација поради фактот дека работат како сексуални работници на отворена сцена.

Имено, на ден 20.11.2008 околу 21ч. во реонот околу МРТВ од страна на СВР Скопје беше спроведена масовна рација при што лишени од слобода и приведени во ПС Бит Пазар беа триесетина сексуални работници, нивни партнери и еден вработен – активист на НВО ХОПС кој во моментот на рацијата ги извршувал своите работни задачи (делење на брошури за превенција на ХИВ/СИДА). Постојат индикации дека во текот на приведувањето, на сексуалните работници не им биле јасно укажани  причините за приведување, лишување од слобода и задржување во полициската станица, како и нивните права загарантирани со Устав, закон и меѓународни документи. Околу 22ч. само теренскиот работник на ХОПС е ослободен по интервенција од адвокат со образложение дека  наводно е приведен и задржан во ПС Бит Пазар заради утврдување на идентитетот, иако ова лице се идентификувало со лична карта и службена легитимација уште при самото приведување.


На 21.11.2008, од полициска станица сите 23 лица беа однесени во Инфективна клиника, Скопје, каде што врз основа на судски налог им беа извршени групни тестериња за ХИВ/СИДА, хепатит Б и хепатит Ц. Министерството за внатрешни работи даде изјава дека причината за извршеното тестирање е дека „постојат и одредени индиции дека овие лица е можно да се носители и на разни полови, односно сексуално преносливи заразни болести кои свесно ги пренесуваат на други лица што се коси со постојните Закони на РМ“, но останува сосем нејасно врз кои основи МВР го има донесено овој заклучок. Итното барање за присилно тестирање на осомничените лица за кривичното дело против здравјето на луѓето “Пренесување на заразна болест“ (член 205 од КЗ), исто така нема рационално објаснување, посебно доколку се земе предвид фактот дека истите лица се веќе неколкупати доброволно медицински тестирани во рамките на националните програми на Министерството за здравство. Спроведувањето на присилно медицинско тестирање е во целосна спротивност со националните протоколи за ХИВ/СИДА врз коишто е заснована и националната стратегија за ХИВ/СИДА усвоена од Владата на Република Македонија.

Уште попроблематичен е фактот што присилното медицинско тестирање е извршено само врз сексуалните работници, иако постои подеднаква опасност и клиентите на сексуалните работници „да се носители на полови и вирусни заболувања и истите свесно ги пренесуваат на лицата со кои сексуално општат“, додека истите се ослободени од ваков акт.  


На лице место пред  Клиниката за инфективни болести беа лоцирани и медиумите со своите екипи, претходно информирани за ситуацијата која ќе следи, со што идентитетот на приведените лица беше изложен на љубопитноста на медиумските камери присутни на местото. Ваквиот акт е во спротивност со чл 29 ст. 3 од Законот за внатрешни работи („Овластените службени лица не треба приведените лица да ги изложуваат на јавна љубопитност“).

Уште истиот ден, без да ја почитува пресумпцијата за невиност, Министерството за внатрешни работи излезе со сопштение до јавноста во кое беа изнесени групни лични податоци за осомничените лица кои не беа од непосредна важност за стореното дело, туку единствено служеа за сензационалистичка стигматизација на осомничените. Повторно останува нејасно врз основа на кои законски одредби МВР го прекршува правото на пресумпција на невиност на осомничените лица за прекршок, профилирајќи ги како тешки криминалци и тврдејќи дека делата за кои се уапсени се веќе сторени уште пред да биде поднесен прекршок.

Фотографии и видео снимки од сексуалните работници снимени во полициската станица беа објавени како на веб страната на МВР, така и на сите национални телевизии на кои беше изготвен прилог за настанот. Имено, МВР објави групни фотографии од осомничените лица за прекршок од кои јасно може да се распознае идентитетот на лицата лишени од слобода (според косата, висината, облеката, делови од лицето).

Имајќи предвид дека во ниту еден закон не е предвидено „сузбивање на уличната проституција“ или „ сузбивање на социопатолошки појави под име „улична проституција“, причината зошто акцијата не е насочена против „експлоатацијата на проституцијата“ (според препораката на комитетот на CEDAW), наместо против „уличната проституција“ останува неразјаснета. Овој инцидент укажува единствено на претпоставката дека МВР не прави разлика помеѓу проституција и експлоатација на проституција. Истото се потврдува и со фактот дека МВР ги третира сексуалните работници како криминалци, а не како потенцијални прекршители, ставајќи ги притоа во ист кош со осомничените за кривични дела.

Нејасно е и врз основа на кои законски одредби осомничените за прекршок се лишени од слобода и задржани во ПС подолго од 12 часа, имајќи предвид дека „задржувањето може да трае најмногу 12 часа, од часот кога [обвинетиот] бил задржан [со судска одлука]. За ова време треба да се сослуша и да се донесе одлука за прекршок или да се пушти на слобода.“ (чл. 92, ст. 3 од Закон за прекршоци).

Врз основа на сето погореспоменато, Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници ја повикува целокупната јавност и релевантните интернационални претставници во Македонија да ја осудат “координираната акција за сузбивање на уличната проституција“ на СВР Скопје, да ги отповикаат на одговорност МВР и медиумите и да испратат реакција до надлежните, а со цел да се испровоцира итно разрешување на случајот  и процесирање на истрага по однос правичноста на акцијата.

 

Испраќањето на писмо за подршка или реакција до медиумите, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Народниот правобранител или Јавното обвинителство би било од огромна помош за итно разрешување на проблемот и превенција од идни прекршувања на човековите/здравствените права и дискриминација на сексуалните работници и сите граѓани на демократска Македонија.

Скопје, 26.11.2008

Со почит,
Славчо Димитров,

Координатор на  
                                    Коалицијата за промоција и заштита на
сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници

___________________

Презентација на проектот “Воспоставување на програма за превенција од злоупотреба на дроги во училиштата во Македонија” - 1.12.2008

На 26.11.2008 година, во просториите на Град Скопје, во организација на Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и ТРИМБОС Институтот од Холандија, се одржа презентација на проектот “Воспоставување на програма за превенција од злоупотреба на дроги во училиштата во Македонија” кој се реализира во периодот 01.11.2008 – 31.03.2011 година.

На средбата свое обраќање имаа: Дарко Митевски – државен секретар во Министерството за образование и наука на РМ; Mr. Peter le Poole - заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Кралството Холандија; Елеонора П. Николовска – раководител на одделението за социјална, детска и здравствена заштита, Град Скопје; Bart Uitterhaegen и Franz Trautmann од ТРИМБОС институтот за ментално здравје и зависности од Холандија; Влатко Деков - извршен директор на Здружение на граѓани ХОПС и Елеонора Стојановиќ – координатор на проектот, Здружение на граѓани ХОПС.

Присутните претставници од организациите/институциите кои се вклучени во имплементација на проектот, како и претставниците од референтните министерства беа запознаени со деталните проектни активности кои имаат за цел да воспостават Програма за превенција од злоупотреба од дроги во три пилот средни училишта, во три града во Македонија – Скопје, Тетово и Струмица.

Проектот го реализира Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот, Скопје во партнерство со TРИМБОС Институтот за ментално здравје и зависности од Холандија, Министерството за образование и наука на РМ, Град Скопје, Општина Струмица и Општина Тетово,а финансиски е поддржан од МАТРА програмата на Министерството на надворешни работи на Холандија.

Презентацијата превземете ја овде.

___________________

Соопштение до Медиуми за прес конференција - 24.11.2008


Денеска, на ден 23.11, во НВО Инфоцентар, Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници (ХОПС, ХЕРА, МАССО, ЕГАЛ, ММНШ, ИЗБОР, СТАР) одржа прес конференција по повод “координираната акција за сузбивање на уличната проституција“ на СВР Скопје, спроведена на 20-21.11 во Скопје.

Денеска, на ден 23.11, во НВО Инфоцентар, Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници (ХОПС, ХЕРА, МАССО, ЕГАЛ, ММНШ, ИЗБОР, СТАР) одржа прес конференција по повод “координираната акција за сузбивање на уличната проституција“ на СВР Скопје, спроведена на 20-21.11 во Скопје.

Збор на конференцијата зедоа: Славчо Димитров, Координатор на Коалицијата, Жарко Трајаноски, консултант за човекови права на Коалицијата, Марија Тошева, Директор на програмата за подршка на сексуални работници при НВО ХОПС и Бојан Јованоски, Извршен Директор на НВО ХЕРА.

Со оглед на фактот дека во рамки на спроведувањето на целокупната акција од страна на СВР Скопје беа забележани сериозни индикации за серија груби процедурални грешки, злоупотреба на службената должност и флагрантни прекршување на основните човекови и здравствени права на сексуалните работници, Коалицијата упатува неколку групи на прашања до надлежните институции чиешто одговарање сметаме дека е нужно за разрешување на сите нејаснотии и можни неправилности во споменатите настани.

Во прилог следат и прашањата коишто беа елаборирани на денешната прес конференција.

___________________

Промовирани Локалната стратегија и Акциониот план за дроги на Град Скопје - 13.10.2008


На 12-ти ноември 2008 во просториите на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ беа промовирани Локалната стратегија и Акционен план за дроги на Град Скопје, (превенција, лекување, рехабилитација и ресоцијализација, намалување на штети и градска безбедност) од страна на Кординативното тело на Град Скопје.


ImageКоординативното тело за дроги ќе ја има водечката улога во координацијата и во следењето на имплементацијата на активностите предвидени во Стратегијата и Акциониот план за дроги на локално ниво.


Канцеларијата на Локалниот експертски центар за дроги, која е отворена во просториите на Градската библиотека “Браќа Миладиновци“, ќе ја понуди целокупната стручна и техничка помош неопходна за развивање и за исполнување на предвидените активности во Стратегијата и ќе се грижи за континуираното функционирање на Координативното тело за дроги на Град Скопје.


Градоначалникот на Град Скопје Трифун Костовски истакна дека  целта на Градот е да ја даде целокупната морална и логистичка поддршка за реализирање на активностите предвидени со Стратегијата и Акциониот план за дроги на Град Скопје, кој треба да предложи подобар систем на информирање, подобра комуникација и координација на сите чинители кои работат со проблемот со дроги во нашиот град.


Координативното тело за дроги на Град Скопје e формирано како резултат на партнерството меѓу Град Скопје и Македонската мрежа за намалување на штети – ММНШ, во реализација на проектот „Мрежа на градови за политика на дроги” (изработен и предложен од ММНШ, а финансиран од страна на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија).
___________________

Истражувачки проект: Брза проценка и одговор на потребите и можностите за спроведување програми и проекти за превенција од употреба на дроги кај средношколската младина во Град Скопје- 29.10.2008

ХОПС во партнерство со Град Скопје успешно го реализира истражувачкиот проект Брза проценка и одговор на потребите и можностите за спроведување програми и проекти за превенција од употреба на дроги кај средношколската младина во Град Скопје„


Целта на проектот беше да се анализира состојбата со употреба на дроги во училиштата и да се проценат можностите за спроведување програми и проекти за превенција од употреба на дроги кај средношколската младина во Град Скопје.


Истражувањето се спроведуваше во 5 средни училишта и врз основа на добиените податоци ќе се креира програма за превенција од употреба на дроги. Истражувањето е публикувано и истото може да го прочитате тука.

Проектот беше финансиски поддржан од Министерство за образование и наука и Град Скопје
___________________

Излезе првиот број на списанието Од нас за нас - 06.10.2008

Во издание на СТАР, а со подршка од ХОПС, SWAN и SHARP овој месец од печат излезе првиот број на спизанието Од нас за нас. Се предвидува списанието да излегува секој месец.

- За да бидеме поблиску едни до други, да ги споделиме нашите искуства, да слушнеме исповеди на наши колеги, да бидеме во тек со настаните кои се случуваат во областа на сексуалната работа, ние сексуалните работници направивме свое списание, направено ОД НАС ЗА НАС - се вели во инфото за списанието.

На следниов линк можете да ја симнете PDF верзијата на списанието - Од нас за нас.

___________________


Насилство – Во името на што? -1.10.2008

Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници најостро реагира и ги осудува страшните и грозоморни настани кои се случија во среда на 27.09 во Сараево за време на отварањето на првиот Квир Сараево Фестивал како радикален израз на насилство и екстремен случај на прекршување на човековите права и принципите на етичност и хуманост.

На 29-ти септември, во Академијата за ликовни уметности во Сараево, Босна, во организација на НВО Udruženje Q беше отворен првиот воопшто Квир фестивал во Босна под мотото “okreni okvir“.

Oсновна цел на фестивалот беше промоција на разликите, еднаквост и борба против дискриминацијата на ЛГБТ луѓето и сите маргинализирани групи преку средствата на уметноста и
културата.

Не само историски во смисла на неговата храброст да се случи за првпат, за жал, Квир фестивалот во Сараево беше обележан како историски и како резултат на згрозувачките и застрашувачки настани со коишто беше проследено отварањето.

Околу 150 протестанти пред Академијата опремени со камења, ножеви и пиштоли, во најголем број млади фудбалски навивачи, хулигани и припадници на муслиманската сектата Вехаби, најсурово и брутално ги нападнаа гостите на отварањето на фестивалот, во моментот кога излегуваа од Академијата.

Мотивацијата за нападот како што се изјасниле вехабистите е навредата на нивните чувства со фестивал од ваков вид кој се одржува во тек Рамазан месецот. Иако организаторите на фестивалот јавно се огласија дека тие немаат намера да навредат никого и дека целта е единствено да се искористаткултурата и уметноста за да се зголеми свесноста исход беше грозоморен. Најмалку осуммина тешко повредени, од кои
шест лица се хоспитализирани со тешки повреди. Помеѓу повредените и новинари, странци и еден полицаец.Луѓето биле насилно извлекувани од нивните возила и брутално претепани додека во позади се пееле слогани со говор на омраза како “Алаху Акбар (Бог е најголем)“ и “Убијте ги педерите“. Многу поголема група на напаѓачи фрлале камења по луѓето коишто пристигнувале на отварањето на церемонијата. Сите овие луѓе биле најзастрашувачки напаѓани и претрпани со тешки повреди. Еден млад човек бил толку силно удиран и му бил скршен носот, за да веднаш потоа злосторниците продолжат да го удираат со пиштол се додека не ја изгуби свеста. Уште неколку други луге се здобиле со повреди во главата, а еден човек и со внатрешно крварење. Полицијата во минимален број, околу 15, не успела да се справи со напаѓачите, а нити пак презела некои посебни мерки за да ги спречи истите и да ги заштите присутните на Отварањето.

Овој ужасен настан беше материјализација на претходно неколкунеделното ширење на говор на омраза и хомофобија од страна на највлијателните босански медиуми, политичари, религиозни фанатици, националисти и блогери. Домашните адреси на организаторите на фестивалот биле јавно објавени, по што следувале закани лично до истите. Само ден пред настанот Сараево бил преплавен со постери со цитати од Куранот обременети со говор на омраза против хомосексуалноста и постери кои цитираат истражување за хомосексуалноста од 1940 година, а преземено од Истражувачкиот Институт за Семејство. Истотото истражување истовремено било преведено и објавено на Zdravodrustvo, веб страна направена само еден ден пред фестивалот, директно поттикнувајќи омраза и нетолеранција кон хомосексуалците.

Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници ја повикува целокупната македонска јавност, медиумите, невладините организации, уметниците, културните работници и претставниците на власта јавно да ги осудат настаните во Сараево и да упатат јавен апел до Босанските власти и интернационалните
претставници за јавно да ги осудат, истражат и обвинат нападите, заканите и сите видови на насилство врз хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите луѓе и сите
други маргинализирани групи.

Коалицијата јавно го покренува прашањето за нужноста од ревизија на традиционалните и доминантни вредности кои резултираат со омраза и насилство и повикува на поттикнување на јавна свест за еднаквоста, разликите и почитта кон сите луѓе без разлика на нивната сексуална ориентација, родов идентитет, пол, возраст, хендикеп,
социјален статус, етничко и национално потекло, здравствен статус, политичко и верско убедување итн.

Истовремено го поставуваме прашањето за тоа кои животи и до кога ќе се сметаат за вредни за живеење. Кое насилство ќе го препознаваме како такво? Чии таги и љубови ќе бидат препознаени и признаени? И во крајна линија ако љубовта, Бог и етиката го исклучуваат насилството, тогаш во чие име можат да биде оправдано насилството од овој вид?

________________________

SWAN Билтен, Издание бр. 20 Година 3, Лето2008 -23.09.2008

Објавено е летното издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).

Од билтенот издвојуваме:

Македонија-Србија: Тренинг на SWAN за сексуални работници
Минатиот јуни, сексуални работници од Македонија и Србија учествуваа на тренинг на кој стекнаа со основни вештини за подготовка на на локални билтени. Тренингот се одржа во Белград. Наскоро од печат ќе излезе и билтен на сексуалните работници од Македонија кој е подржан од ХОПС и SWAN.

СИДА 2008 Блог: Сексуални работници и човекови права


ЛИНК до Билтенот

________________________

Конференција ”Мобилизација на локалните заедници во Република Македонија за превенција на ХИВ/СИДА меѓу млади кои се под најголем ризик ” 31.07.2008

 

На 19 јуни 2008година , во хотелот Холидеј Ин, се одржа конференцијата ”Мобилизација на локалните заедници во Република Македонија за превенција на ХИВ/СИДА меѓу млади кои се под најголем ризик ”


Воведен збор дадоа Изабела Кастроџовани, заменик директор на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Душанка Перишиќ, Извршен директор на ЗЕЛС.


На Конференцијата беа презентирани акционите планови за превенција на ХИВ/СИДА кај младите под најголем ризик, на општините Битола, Гостивар, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип, како и Акциониот план за дроги на Град Скопје.


Покрај претставниците на локалните тимови од Битола, Гостивар, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип, присуствуваше и Националниот координатор за ХИВ/СИДА на Република Македонија, претставници на УНАИДС, Светска здравствена организација, Француска амбасада и Македонија лек.

Конференцијата ја организираше ХОПС-Опции за здрав живот во соработка со Центарот за институционален развој-ЦИРа, а финансиски беше поддржана од УНИЦЕФ и Шведската агенција за меѓународен развој.


На конференцијата се донесоа следнив заклучоци кои можете заедно со акционите планови да ги видите во прилог.

Заклучоци од конференцијата

Акциони планови

На македонски јазик:

Битола

Гостивар

Куманово

Штип

Прилеп

Тетово

На албански јазик:

Куманово 1, Куманово 2

Тетово

Гостивар

________________________

26 јуни –Меѓународен ден на борба против дрогата - 26.06.2008
Денешниот ден, 26 јуни, според резолуцијата 44/111 донесена на 7-ми декември 1987 од страна на Генералното Собрание на Организацијата на Обединетите Нации се смета за Меѓународен ден на борба против дрогата и нелегална трговија со наркотици. Овој ден генерално се користи како повод за јавни дебати, акции, односно манифестации од различен тип, како на пример, за јубилејно горење на запленетата дрога во текот на годината. Но, во некои земји во Средниот исток и Азија и како повод за репресија врз луѓето кои употребуваат дрога.


Според Европската коалиција за правични и ефикасни политики на дрога, генерално репресијата врз лицата кои употребуваат дрога е во постојан пораст, а со актуланите политики на дрога најголемиот терет паѓа токму врз лицата кои се веќе маргинализирани корисници на дрога.


Властите во одредени подрачја на Кина овој ден го одбележуваат со егзекуции на лица кои биле осудени за трговија на дрога, чиј број, според извештаите на Коалицијата за намалување на штети, во изминативе години достигна 460 лица. Оваа година властите во овие подрачја на Кина не спроведоа егзекуции, но на самиот ден беа најавени неколку смртни казни за осум лица обвинети за трговија со дрога.


Коалиција за намалување на штети му напиша писмо на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, во кое го потикнуваат да превземе акција и да ги осуди егзекуциите и смртните казни во Кина со кои се одбележува овој ден како сериозни прекршувања на човековите права. Во Коалицијата сметаат дека прогресот во борбата против дрогата и проблемите поврзани со неа какви што се епидемијата на ХИВ, мора да се основа врз почитувањето на човековите права на сите.

________________________

Конференција ”Мобилизација на локалните заедници во Република Македонија за превенција на ХИВ/СИДА меѓу млади кои се под најголем ризик ” 16.06.2008

На 19 јуни 2008година (четврток), во хотелот Холидеј Ин, сала Милениум 2, со почеток во 10:00 часотќе се одржи конференцијата ”Мобилизација на локалните заедници во Република Македонија за превенција на ХИВ/СИДА меѓу млади кои се под најголем ризик ”

.
На Конференцијата ќе бидат презентирани акционите планови за превенција на ХИВ/СИДА кај младите под најголем ризик, на општините Гостивар, Куманово, Штип, Тетово, Прилеп и Битола, како и Акциониот план за дроги на Град Скопје.
Mладите на патот на созревањето неретко практикуваат различни форми на ризично однесување, изложувајќи се на ХИВ и други  инфекции.


Здружението на граѓани ХОПС во соработка со локалните власти и претставници на релевантни Владини и невладини организации и институции работеше на фацилитирање на процесот за изработка на локални акциони планови за превенција на ХИВ/СИДА меѓу младите кои се под најголем ризик. Плановите содржат приоритетни активности кои беа идентификувани од страна на локалните координативни тимови и кои се планира да бидат имплементирани, со цел превенција на ширењето на ХИВ/СИДА кај младите под најголем ризик.


Развивањето на младите во совесни, примерни и успешни граѓани , не зависи само од потенцијалите на младите, туку и од разбирањето и поддршката што ја добиваат од своето блиско и пошироко опкружување, семејството и заедницата воопшто. Од тие причини, вложувањата на заедницата во младите е од огромно значење за секое современо општество.


Конференцијата е организирана од страна на ХОПС-Опции за здрав живот во соработка со Центарот за институционален развој-ЦИРа, а финансиски е поддржана од УНИЦЕФ.

________________________


SWAN Билтен, Издание бр.19 Година 3, Април/мај 2008 -16.06.2008

Априлско и мајско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).

Од билтенот издвојуваме:
Македонија - сервисите за сексуалните работници се шират надвор од главниот град

Претставници на SWAN на Интернационалната концеренција за намалување на штети


ЛИНК до Билтенот

________________________

Усвоени се локалните акциони планови за превенција на ХИВ/СИДА во 6 општини во Македонија.- 22.05.2008

ХОПС во партнерство со локалните самоуправи во изминативе месеци работеше на фасилитирање на процесот за изработка на  акциони планови за превенција на ХИВ/СИДА меѓу млади под најголем ризик во Гостивар, Куманово, Штип, Охрид, Прилеп и Битола. Сите акциони планови се усвоени од советите на општините и истите ќе бидат јавно промовирани во месец јуни на посебна конфереција за обезбедување на подршка на истите. Проектот финансиски е подржан од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

________________________

Советот на Град Скопје ја усвои Локалната стратегија и акциски план за дроги- 13.05.2008

На седницта на Советот на Град Скопје која се одржа на 10-ти мај 2008  беше усвоена Локалната стратегија и акциски план за дроги на Град Скопје.

Од страна на неколку советници документите беа оценети како исклучително стручни и квалитетно подготвени со голема важност за надминување на проблемите во областа.

Во следниот периодот работата ќе биде фокусирана на неговата успешна реализација.

________________________


SWAN Билтен, Издание бр.18 Година 3, Март/април 2008 -05.05.2008

Мартовско и априлско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).

Од билтенот издвојуваме:
Македонија - потребна е подршка за децентрализација на тертманот на луѓето кои употребуваат дрога


ЛИНК до Билтенот
________________________


Тркалезната маса за човековите права на корисниците на дрога
- 02.05.2008

Во организација на Македонската мрежа за намалување на штети, ХОПС и ПАСАЖ на 24 април во хотелот Карпош во Скопје се одржа трекалезната маса на тема„Човековите права на лицата кои користат дрога“.

На настанот свое излагање имаа преставникот на канцеларијата на Народниот правобранител Невенка Крушаровска, преставник на Министерството за здравство Лирим Шабани, експертот за човекови права м-р Жарко Трајановски, како и Витомир Ѓеоргиевски, претставник на Мрежата за намалување на штети.

Покрај нив учествуваа и преставници на повеќе здруженија на граѓани, претставник на Град Скопје, Светска Здравствена Организација и медиумите

На тркалезната маса беа донесени следниве заклучоци :
- итно отварање на центрите за лекување,
- воведување на програмите за намалување на штети во затворите
- воведување на повеќе модели за третман на зависности од дроги,
-вклучување на експертската јавност и претставниците на релевантните организации и институции во подготовката и изработката на стратегии, закони, документи и извештаи.
- вклучување на здруженијата на граѓани во Меѓуресорската комисија за дроги
- едукација на релевантните институции вклучително и народниот правобранител за програмите за намалување на штети и позитивните искуства од имплементација на вакви програми.
________________________

Мапа за дневниот центар во Капиштец - 20.02.2008

За по голема достапност поставивме МАПА за лоцирање на Дневниот цетра во Капиштец.

ЛИНК до мапата
________________________

SWAN Билтен, Издание бр.16 Година 3, Јануари 2008 - 07.02.2008

Јануарско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).

Од билтенот издвојуваме:
Ѕвезда е родена - Група за самоподдршка на сексуални работници

Дропин центри - искуства од Македонија


ЛИНК до Билтенот
________________________

Последните изданија на брошури од ХОПС - 06.02.2008

 

Програма за поддршка на сексуални работници - Марија


Програма за намалуивање на штети

_______________________

Новост во ХОПС во 2008 -
02.01.2007

Административната канцеларија на ХОПС од 02.01.2008 година ќе започне да работи во нови простории на Ул. Христо Смирненски бр. 48-1/6 (во улицата наспроти Кафе Интермецо на Иво Лола Рибар, веднаш до поранешниот Баумаркет).

Истовремено се променети и телефонските броеви :

Тел: 02 / 3 246 205

Тел/Факс: 02 / 3 246 210