
Младинска програма

ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ - Истражување преку активно учество
Проектот ,,Имам право да знам - Истражување преку активно учество,, во
Република Македонија започна да се реализира во Ноември 2001 година во
рамките на глобалната иницијатива на УНИЦЕФ ,,Што секој адолесцент има
право да знае,, а на иницијатива на Секторот за комуникација, здравје
и развој на младите на канцеларијата на УНИЦЕФ - Њујорк, САД и со поддршка
од Универзитетот Корнел - САД.
Р.Македонија е една од 14 пилот земји во светот вклучени во оваа глобална
иницијатива која се стреми да ги охрабри и активно да ги вклучи младите
луѓе во комуникациските стратегии и активности кои им влијаат и ги заштитуваат
од ХИВ/СИДА и други опасности на современото живеење. Во рамките на оваа
иницијатива се разви проектот ,,Имам право да знам,, кој опфаќа различни
активности за млади од 13-20 години. како дел од ,,Имам право да знам,,
(ИПЗ) е метофот ,,Истражување преку активно учество,,(ИАУ) спроведен од
Институтот за Етнологија, кој им овозможува на младите да ги истражуваат
знаењата и о однесувањата на нивните врсници како и на популацијата воопшто.
Проектот ИПЗ започна во Ноември 2001 година со истражување во кое беа
вклучени млади луѓе од целата земја, бво сегментот на собирање податоци
од нивните врсници и родители во градовите и селата, претставници на институциите
и ликалната самоуправа. По анализата на податоците филозофскиот факултет
во Скопје подготви извештај во кој беа изнесени податоците за знаењата
, ставовите и однесувањето на малдите по одредени прашања поврзани со
ХИВ/СИДА, дроги, животни стилови, семејство, училиште, улицата...
Податоците покажаа дека постои недоволна информираност на младите во однос
на ризиците поврзани со ХИВ/СИДА и останатите опасности на современото
живеење. Затоа младите решија да развијат процес на користење на креативни
методи за собирање на потребните информации, стекнување знаења и вештини
и развивање на комуникациските стратегии. Во разговор со младите од НВО
ХОПС-опции за здрав живот и невладините организации кој работата на полето
на урбаната субкултура и со млади во институциите и на маргините на општеството
(ЛИМ-ПИД и Арт Форум), се разви идејата за формирање на кретивни работилници
за анимација на младите по интерес. Работилниците беа идентификувани од
младите не само како ефективни начини за истражување туку како и начин
за стекнување знаења воодредена област.
Пилот проектот започна во Јули 2002 година при што НВО ХОПС и ЛИМ-ПИД
ги развија работилниците за фотографија, стрип, веб дизајн, хип-хоп, видео,
а НВО Арт Форум работеше театарски претстави со млади луѓе во институциите
(11 Октомври - дом за деца без родители, 25 Мај - дом за деца без родителска
грижа и воспитно запуштени деца и во домот Ранка Миланович).
на младите им беа претставени и десетте принципи за млади на ОН според
кои и се одвиваа активностите во оваа пилот фаза, со посебен акцент на
ХИВ/СИДА информации и превенција:
- Човекови права
- Физички развиток на момчиња и девојки
- Родови прашања
- Сексуалност
- Бременост и контрацепција
- Сексуално преносливи инфекции
- ХИВ/СИДА
- Насилство
- Алкохол, тутун и други супстанции кои предизвикуваат зависност
- Животни вештини
како паралелен процес во работата на работилниците активно се вклучиј
и Институтот за Етнологија, кој им го претстави на младите методот на
Истражување преку активно учество, како и методите и алатките за работа
во работилниците (brainstorming, idea-actual, митови и факти, мапирање
и др.).
Во исто време, тим од млади партиципиенти работеше на ТВ серијата во
10 продолженија ,,Имам право да знам,, која беше прикажувана на МТВ почнувајќи
од Декември 2002 год.
По завршувањето на првата пилот фаза на проектот од 2003 година во проектот
се вклучија уште три НВО-и: ХЕРА, МИА и Театарска младина на Македонија.
Сите вклучени партнери во проектот ИПЗ на своите активности развија
заедничка стратегија за имплементација на проектот на ниво на целата земја,
за период од една година. На таков начин многу од активностите станаа
достапни за младите од останатите градови и села во Р. Макдеонија.
Во рамките на активностите на ХОПС се оформија уште две работилници :новинарска
и работилница за графички дизајн, кои заедно со веќе постоечките работилници
за веб дизајн, стрип и фотографска, направија една целина потребна за
изработка на крајните продукти од работата на младите, а тоа се Магазинот
,,Патотека,, креирање и оддржување на веб страната на проектот www.imampravodaznam.org.mk,
постери, флаери, изложба, настани итн. По иницијатива на младите вклучени
во работата на работилниците се оформи и нова, креативна работилница,
која ги обединуваше останатите, собираше материјали, ја разработување
идејата за секој краен продукт, ги организираше настаните и во која се
слеваше целата креативност на младите. Преку креативната работилница тие
ја водеа и развиваа целата идеологија на проектот воопшто.
Во периодот од 2003 па се до крајот на 2004 год. работилниците ја продолжија
својата работа во просториите на Народна техника во Скопје. Во Септември
2003 год. проектот со крајните продукти (магазинот ,,Патотека 1,, и веб
страната на проектот www.imampravodaznam.org.mk) беа претставени на јавноста
со еднодневен настан ,,ПАТОТЕКА,, во градскиот парк, каде учество земаа
повеќе невладини организации и млади луѓе. новинарската работилница организираше
прес-конференција за медиумите и гостите, а младите од фотографската и
стрип работилница поставија изложба на фотографии и стрипови низ целиот
парк. На крајот од настанот, во вечерните часови се оддржа концерт на
млади, неафирмирани музички групи поканети од учесниците во проектот.
|
Од почетокот на проектните активности во работилниците активно бе авклучени
околу 70-80 млади луѓе и во оваа фаза се создаде јадро на малди ентузијасти
кои беа спремни сами да продолжат со имплементација и координација на
активностите. Така, дел о д работилниците беа координирани од самите млади,
кои полека ја презедоа и улогата на креатори на Младинскиот центар во
рамките на Народна Техника.
Последната фаза од проектот се однесување, пред се, на поголемо претставување
на проектот во јавноста со цел за промоција на активностите и вклучување
на поголем број млади луѓе. За таа цел, креативната работилница организираше
настан во просториите на Народна техника, на кој после кратка презентација
на проектот следуваше изложба на фотографии и графички реченија. НВО Арт
форум се претстави со театарска претсава. Во пресрет излезе и Факултетот
за Драмски Уметности кој за потребите на настанот, им одстапи на младите
4 кратки едукативни филмови изработени од студентите на ФДУ во Скопје.
Младите се претсавија со крајните продукти на оваа фаза, пред се со вториот
број на магазинот ,,Патотека 2,, флаери, букмаркери, картички и маици
со различни пораки. На изработката на овие материјали претходеше процес,
кој започна со основната идеја - младинска револуција, преку соборање
и подготовка на материјали, се до готов производ. Особено е важно да се
истакне фактот дека сите продукти се длео на младите луѓе, од пишување
текстови, цртање до дизајн..
Флаер за настанот ,,ПАТОТЕКА 2,,
 
|