Програма за поддршка на сексуални работници - МАРИЈА


Програмата за поддршка на сексуални работници (СР) - МАРИЈА, почна да се имплементира во јануари 2000-та година како проект чии активности беа насочени кон лицата кои нудат сексуални услуги на отворената сцена (улица) и нивните семејства во Скопје.
Во текот на досегашното континуирано работење ХОПС преку оваа програма оствари контакти со околу 250 сексуални работници кои работат на отворената сцена во Скопјe, во ромската населба Шуто Оризари, но и на различни локации од затворен тип – хотели, приватни апартмани и слично, разви теренски активности преку кои промовира и поддржува безбедно однесување на индивидуално и локално ниво, и увидувајќи ги потребите разви сервиси за подобрување на нивната социјална и здравствена состојба, кои воедно работат и на овозможување и подобрување на комуникацијата со релевантните социјални, здравствени и правни институции и организации.
Сите услуги кои се нудат во програмата се бесплатни и анонимни.

Општа цел на програмата:

Промоција и унапредување на правата на сексуалните работници и нивните семејства во Македонија со цел подобрување на нивниот здравствен, социјален и економски статус преку овоможување сервиси, зајакнување на заедницата, подигање на капацитетите на професионалците, истражување, застапување и лобирање.

Тековни задачи и активности на програмата

1. Спроведување на теренска работа за превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи инфекции (СПИ) помеѓу сексуалните работници во Скопје:
- иноформации, совети и дистрибуција на печатен материјал за безбеден секс и безбедно однесување (превенција на ХИВ/СИДА, хепатит Б и Ц, СПИ, контрацепција, правилна употреба на кондом и сл.);
- дистрибуција на бесплатни кондоми и лубриканти;
- дистрибуција на стерилна опрема за инјектирање на клиентките кои воедно инјектираат дрога;
- дистрибуција на печатен материјал со информации за штетните последици од употребата на дрога;
2. Спроведување на теренска работа за превенција на ХИВ/СИДА и други СПИ помеѓу клиентите на сексуални работници:
- дистрибуција на бесплатни кондоми;
- дистрибуција на печатен материјал за безбеден секс и безбедно однесување (правилна употреба на кондом, ХИВ/СИДА и други СПИ, тестирање и сл);
- бесплатно доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ на терен;

3. Развивање на сервис на социјални услуги за СР и нивните семејства:
- помош при добивање на документи за лична идентификација (консултации и материјална помош за покривање на административни трошоци);
- информации и консултации за добивање на социјална помош;
- информации и консултации за добивање на здравствено осигурување;
- препраќање, посредување и придружување на клиети во институции/организации и помагање при процедури;
- психо-социјална поддршка;
- посета на клиент во негово живеалиште, контакти со семејства и сл.
- работа со деца на сексуалните работници (описменување, помош со домашни задачи, зајакнување на комуникациски и лични вештини).

4. Развивање на сервис на Медицински услуги за СР и нивните семејства:
- организирање едукативни работилници за сексуално и репродуктивно здравје, ХИВ/СИДА и други СПИ. Работилници се организираат еднаш неделно, на различна тема;
- бесплатни гинеколошки прегледи и ПАП тестови за клиентки кои по никој основ не остваруваат право на здравствено осигурување. За потребите на овие активности ХОПС има склучено договор за соработка со приватна гинеколошка амбуланта каде се нудат сите потребни услуги и каде се следи вкупното сексуално и репродуктивно здравје на клиентките. За дел од услугите како што се бесплатни тестови за СПИ, терапија и контрацепција ХОПС соработува со малдинските клиники за сексуално и репродуктивно здравје `Сакам да знам`.
- третирање на рани од погрешно инјектирање, информирање за видовите третмани кои постојат во Македонија, консултации и препраќање до истите за СР кои воедно инјектираат дрога. Овие услуги се нудат во соработка со Програмата за намалување на штети од употреба на дрога, од страна на медицинскиот тим кој функционира во рамките на истата;
- доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ;

5. Равивање на сервис за Правна помош и советување за СР и нивните семејства:
- правни совети од областа на граѓанско, семејно, имотно, управно, социјално и друго право;
- помош и придржување низ различни правни процедури;
- подигање на свесноста за основните човекови права, механизмите и институциите за заштита во случај на повредата на истите;
- документирање и мониторирање на прекршувањата на правата на сексуалните работници;

Области од кои е побарана и дадена правна помош
Совети
Упатување
Изготвување на писмени документи
Контакти со институции за потребите на клиент
Бр. На
услуги
Кршење на човековите слободи и права
78
31
2
8
119
Кривично
129
33
12
22
196
Имотно/облигации
35
9
2
7
53
Семејно
23
4
3
6
36
Наследно
2
0
0
0
2
Прекршоци
10
1
0
0
11
Управно
23
6
3
3
35
Останато
/
/
/
/
/
Вкупен број на дадени услуги
452

6. Овозможување на услуги во Дневен центар за сексуални работници:
- одржување на лична хигиена преку обезбедување на:
- туш
- тоалети
- перење и сушење алишта;

- топол оброк
- работилници за разубавување (фризер, шминка, маникир, педикир)
- пиер едукативни сесии и едукативни работилници
- групна социјална работа
- услуги од социјален работник и правен советник
- други заеднички/групни активности

7. Следење на трендовите во сексуалната работа во Македонија, вршење квантитативни и квалитативни истражувања за наведеното, застапување и лобирање;

8. Едукација на студенти при институтот за Социјална работа и социјална политика за:
- теренска работа со маргинализирани и тешко достапни групи;
- развој на сервиси во локална заедница;
- улога на социјален работник во НВО;


Донатори и партнери


Од 2000 - 2003 година, активностите на програмата беа финансиски поддржани од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија.

Во 2003 - 2004 година, теренските активности финансиски ги поддржа и ПСИ Романија.

Почнувајќи од 1-ви Ноември 2004 година, во соработка со Министерство за здравство и Националната комисија за ХИВ/СИДА во Македонија при Владата на Р.М. програмските активности целосно се поддржани од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ, Туберкулоза и Маларија.
За одредени тековни активности поврзани со превенција на трговија со луѓе и промоција на човекови права, програмата има добиено поддршка и од ИОМ Македонија, ОБСЕ Македонија и Х-У Фонд на Солидарноста од Холандија.
Преку Програмата за поддршка на сексуални работници, ХОПС остварува активно партнерство во регионалната мрежа за застапување на правата на сексуалните работници  SWAN (Sex Work Advocacy Network, www.swannet.org) заедно со уште 15 организации од Источна Европа и Централна Азија и во европската мрежа Интернационален Комитет за Правата на Сексуалните Работници во Европа (ICRSE, www.sexworkeurope.org).
На национално ниво, програмата соработува со повеќе различни невладини организации и е активен член на различни неформални коалиции од кои најактивна во моментов е  Коалицијата за промоција и заштита на здравствените и сексуални права на сексуалните работници и ЛГБТ/МСМ популацијата во Македонија.

Друго

SWAN + Newsletters

Декларација на правата на сексуалните работници - Europe Sex Work

Манифест на сексуалните работници во Европа

Варшавска изјава на застапниците за здравје и права на сексуалните работници


Дневен Центар за Жени при ХОПС е ПОДДРЖАН од: