Име на организацијата: ЗОНА - Кавадарци
Адреса: Ул. Благој Крстиќ бб ; 1430 Кавадарци
Лице за контакт: Петре Ангелов, Директор на организацијата
моб: 075 595 06
Teлефон/Fax: 043 417 799
и-мејл: zonakavadarci@yahoo.com ; ptr_nglv@yahoo.com
Организацијата ЗОНА - Кавадарви е формирана во ноември 2003 година.
Моментално во соработка со ХОПС работи како партнерска организација на проектот за намалување на штети од употреба на дроги т.е. "Национален и координиран одговор за борба против ХИВ/СИДА.
Има 5 активни члена и тоа: теренски работник, медицинско лице, социјален работник и лице за администрација. Активностите се одвиваат во Кавадарци и околината на Кавадарци.
Име на организацијата: Центар за развој на граѓанско општество -
ВИА ВИТА
Адреса: Александар Турунџев 1/3, 7000 Битола
Лице за контакт: Д-р Омер Сулејман, Претседател на организацијата
Телефон / Факс:+ 389 (0) 47 255 390
и-мејл: viavitabt@yahoo.com
Центар за развој на граѓанско општество - ВИА ВИТА работи активно во последните пет години од 2000 година на Програми за намалување на штети кај интравенските корисници на дроги, првенствено ХИВ/СИДА превенција.
Име на организацијата: НВО Доверба - Здружение за унапредување на лекувањето, рехабилитација и ресоцијализација на лица што злоупотребуваат дрога и други психоактивни супстанци
Адреса: Бул. Илинден бр. 94, 1000 Скопје
Лице за контакт: Кети Тодорова, Претседател на здружението
Телефон: ++ 389 (0)2 306 77 13
и-мејл: doverba@yahoo.com
Здружението ДОВЕРБА е формирано 1995 од страна на лица со проблеми на злоупотреба на дрога, нивни семејни членови и пријатели и стручни лица кои работата на ова поле, со цел да помогне во подобрување на условите за лекување, рехабилитација и побрзо вклучување во заедницата на лицата кои успешно го завршиле лекувањето. Во изминатите 10 години Здружението оствари бројни проекти и активности и стана препознатлива во јавноста актуелизирајќи го проблемот на злоупотреба на дрога, кој е најчесто присатен кај младите.