24 март – светски ден на борбата против туберкулозата

Светскиот ден на борбата против туберкулозата, кој секоја година се паѓа на 24 март, традиционално се обележува со цел да се зајакне и зголеми јавната свест дека и ден денес туберкулозата, во голем дел од светот, се уште е на ниво на епидемија, а како причинител на смрт се јавува кај речиси 1.5 милион луѓе годишно, најмногу во земјите во развој. Инаку, 24 март е денот кога д-р Роберт Кох, во 1882 година, ја вчудоневидил научната заедница, соопштувајќи на мала група научници на Институтот за хигиена во Берлин дека го открил причинителот на туберкулоза, имено ТБ бактеријата. Во времето на ова откритие, туберкулозата имала широк замав низ Европа и Америка, предизвикувајќи смрт кај секој 7ми човек. Откритието на Кох отворило пат кон дијагностицирање и лекување на туберкулозата.

Христијан Јанкулоски избран за нов член на бордот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија

Извршниот директор на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Христијан Јанкулоски е избран за нов член на бордот на ГФ за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Неговиот мандат започнува на 2ри април, 2015 година а ќе трае до 2017 година. Јанкулоски има повеќе од 15 години менаџерско искуство во невладиниот сектор, како на национално, така и на меѓународно ниво. Како извршен директор на ХОПС покажал одлични лидерски способности во финансиското и програмското планирање, вклучувајќи го менаџментот на програмите за поддршка на маргинализираните заедници, како корисниците на дроги и сексуалните работници/чки.

Регионалната програма „Намалувањето на штети функционира – финансирајте го“ ја заокружи првата година: Сега знаеме колку ќе биде тешко да се пополни дупката во буџетирањето на намалување на штети

Од 25 до 27 февруари, 2015 година, во рамките на Регионалната програма „Намалувањето на штети функционира – финансирајте го!“ се одржа средба на Regional Technical Advisory Group (RTAG) во Вилнус, Литванија, на која се ревидираа резултатите од првата година (април 2014-март 2015) на Регионалната програма и се договорија начините на кои може да се подобри работата во текот на следната година. Клучниот проблем е да се ревидира сиитуацијата со финансирањето на намалувањето на штети во шест земји (Белорусија, Грузија, Литванија, Молдавија, Казахстан и Таџикистан) и да се најдат начини како да се застапува за програмска и финансиска одржливост на намалување на штети во Источна Европа и Централна Азија.

Одржан првиот тренинг и состанок на проектниот тим од „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“

На 13 март, 2015 со почеток во 10 часот, во просториите на НВО инфо центарот, Скопје, се одржа состанок на проектниот тим којшто ќе работи на „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“. Проектот има за цел да придонесе кон одржлива социјална кохезија помеѓу Република Македонија и Република Косово, преку прекугранична соработна во областа на ХИВ превенцијата и употребата на дроги.

 „На 25 ноември, 2014 година ХОПС – Опции за здрав живот Скопје започна со имплементација на ИПА проект, поддржан од Европска Унија, преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија. Станува збор за проектот „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“. Покрај ХОПС, како партнерска организација се јавува и организацијата „Лабиринт“ од Приштина, Косово, која е водечка организација за имплементирање на проектот, и 4 локални партнерски организации кои се одговорни за имплементирање на теренските активности на двете страни од границата: Институт за социјални и хуманистички студии при Филозофскиот факултет на универзитетот во Приштина, Здружение на граѓани ХЕЛП – Гостивар, Центар за развој и унапредување на јавниот живот – Тетово, и Асоцијација за здрави животни стилови „Пулс“ – Куманово.“ – Васка Цветаноска-Панова, проектен координатор (ХОПС)

10 до 20: повик до владите да пренасочат 10% од ресурсите од војната против дрогите на намалување на штети

                                

Оваа недела, на Комисијата за наркотични дроги во Виена, Harm Reduction International (HRI) ја лансира кампањата „10 до 20“, повикувајќи ги владите да пренасочат 10 проценти од ресурсите што ги трошат на војна против дрогите кон намалување на штети.

Одржан состанок со членовите на CEDAW

Во периодот од 15 февруари до 04 март 2015 година во Женава се одржа 63-та сесија на Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW). На 24ти февруари, SWAN и членовите Tais Plus (Киргистан), Silver Rose (Русија) и ХОПС одржаа тематски брифинг состанок со членовите на CEDAW, како и со претставници на национални, регионални и меѓународни организации кои работат на унапредување на правата на сексуалните рабтнички. На дискусијата свои презентации имаа и сексуални работнички кои во прво лице зборуваа за насилството на кое се изложени поради нивната работа.

Тежок пораз за анти-проституциската заклетва на владата на С.А.Д.

На 30ти јануари, федералниот суд донесе безрезервна одлука: првиот Амандман важи и надвор од границите на С.А.Д. кога станува збор за работата на американските организации кои работат на полето на јавно здравство.

Пресудата, досудена од Окружниот суд на Соединетите држави за југот на Њујорк, ја потврди одлуката на Врховниот суд од 2013 година, според која владата не може да им кажува на американските стипендисти што смеат а што не смеат да кажуваат. Не е важно дали грантистите работат од нивната главна канцеларија во Чикаго или од нивната далечна канцеларија во Киргистан – правото на слободен говор е заштитено подеднакво на двете локации.

Повик за поднесување текстови за четвртиот број на списанието Дроги – Политики и практики



Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Центар за едукации, документирање и истражување и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ објавуваат повик за доставување авторски трудови за четвртиот број на списанието Дроги – Политики и практики.

Дроги – Политики и практики обработува теми поврзани со дроги, употреба на дроги, лекување зависности од дроги, но и други проблематики што се надоврзуваат на главните теми, како што се: сексуална работа, ХИВ/СИДА, хепатитис Б и Ц, туберкулоза, права на маргинализирани групи/заедници, родови перспективи, пристап до информации од јавен карактер, истражувања, политики, застапување, граѓанско општество, активизам, социјална работа и политика, здравство.

Проекција на "Trainspotting" и дебата во рамките на Автономната зона на УКЛО

На 19.02, во организација на Дебатно кино „Контра Кадар“ се одржа проекција на филмот „Trainspotting“ . После филмот следуваше дискусија со Влатко Деков  - член на ХОПС на следниве теми: 

  • Зошто луѓето употребуваат дроги?
  • Легализација и декриминализација на дрогите наспроти војната против дрогите
  • Постои ли лек за зависноста од дроги, разни видови третмани (медицински и останати)
  • Стигматизација на лицата кои употребуваат дроги

Pages