Во Русија сто илјади нови случаи со ХИВ секоја година!

- „ХИВ позитивните пациенти постојано се жалат на недостаток на лекови";
- „Центарот за ХИВ на Архангелск ќе остане без сопствена канцеларија";
- „Бројот на ХИВ-позитивни мигранти се зголемил за 15 пати во последните пет години";
- „Најчестите смртни случаи меѓу затворениците во Русија се од ХИВ“.

Ова се дел насловите по руските медиуми за ХИВ, кои се објавени само во текот на последните неколку недели. Проблемот со ситуацијата со ХИВ неодамна е признаен на највисоко државно ниво, каде  конечно е одлучено да се креира државната стратегија за превенција од ширење на ХИВ во Русија до 2020 година.
 
Ситуацијата со ширењето на ХИВ, нејзината превенција и третман во Русија се влошува. ХИВ инфекцијата особено е распространета кај ранливи групи: интравенозни корисници на дрога, сексуални работници, мажи кои имаат секс со мажи и мигранти.

Прва вакцина против гонореја откриена од страна на научниците

За прв пат во историјата научниците откриле вакцина која штити од гонореја.  Медицинскиот напредок доаѓа во време на зголемена загриженост за преваленцата на гонореја, која претходно докажа дека е отпорна на лекови. Постои растечки страв од страна на медицински експерти дека антибиотиците на крајот ќе станат излишни во борбата против супер-видовите на гонореја. Инаку 78 милиони луѓе ширум светот се справуваат секоја година со гонореја.

Д-р Теодора Ви, директор на хумана репродукција во Светската здравствена организација рече: „Бактериите кои предизвикуваат гонореја се особено паметни. Секој пат кога користиме нова класа на антибиотици за лекување на инфекцијата, бактериите се развиваат за да им се спротивстават. "

Извештај за учество на Д- ФЕСТИВАЛ

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, зема активно учество на Музичкиот Фестивал Д Фестивал, што се оддржа од 14–16 Јули, 2017 година во Дојран. На Д Фестивал ХОПС учествуваше во програмата на фестивалот „Aктивниот Саем” со Интерактивна инфо-едукативна работилница „Дроги во контекст на Музички Фестивал” и со креативна работилница преку Алтернативна Арт Медитација.

Во соработка со организаторите на настанот предвидено беше активностите на ХОПС да се одвиваат во Недела 16.07.2017 година од 12:00 до 16:00 часот. И покрај лошите временски услови (дожд, ветер и температура од околу 20 степени целзиусови), а поради добриот одзив и интерес активностите се одвиваа до 17:30 часот, односно час и половина повеќе од предвиденото со активно учество на околу 100 луѓе.

За времетраење на активностите беше направена презенетација на организацијата, и достапна за потпишување беше петицијата за поддршка на програмите на ХОПС (Support, don’t punish) и презентирани беа маици изработени во креативната работилница за време на активностите. Tимот на ХОПС беше достапен и за дополнителни информации во врска со активностите на ХОПС и заинтересираните посетители можеа да се запишат на листа на волонтери кои би се вклучиле во понатамошни едукации и обуки.

Во Киргистан бројот на ХИВ инфицирани луѓе се зголемува за 10% на годишно ниво

На 1 јуни 2017 во Киргистан се регистрирани 7038 киргистанци и 389 странци со вирусот на хумана имунодефициенција. Меѓу нив 595 малолетници и 902 пациенти со СИДА. Ова беше објавено од страна на прес-службата на Министерството за здравство.

Бројот на евидентирани нови случаи со ХИВ инфекцијата во Киргистан е зголемен на годишно ниво за 10%. Најмногу изложени на ризик од заразување со ХИВ/СИДА се на работоспособна возраст помеѓу 20 и 49 години.

Глобалниот фонд за борба против СИДА-та одлучи да ја скрати финансиската поддршка за програмите за борба против ХИВ/СИДА до 5 милиони долари за 2017 година.

Во 2017 година и Владата на Киргистан исто така ги намали приходите во државниот буџет за здравствена заштита за 370 милиони соми (5.43 милиони долари). 

Извор: https://regnum.ru

Повеќе луѓе кои живеат со ХИВ во Киев пристапуваат кон антиретровирусна терапија

Јавно-приватно партнерство помеѓу фондацијата на Елена Пинчук - АНТИАИДС Фондација и градот Киев овозможи 1300 луѓе кои живеат со ХИВ во Киев, Украина, да добијат антиретровирусна терапија.

Партнерството е дел од градската програма на Киев - Fast - Track  програма каде се овозможува на Киев двојно да ја зголеми покриеноста со антиретровирусната терапија на луѓето што живеат со ХИВ без дополнителни трошоци. 

Јавно-приватното партнерство овозможува антиретровирусна терапија да се набави за помалку од половина од претходната просечна цена на лековите во Украина.

Пред потпишувањето на партнерство, програмата за антиретровирусна терапија во Украина била финансирана од државниот буџет и со средства од меѓународни донатори.

„Клучната задача на мојата фондација е да ја спречам епидемијата на СИДА во УКРАИНА.“ - Елена Пинчук

Алтернативна Арт Медитација на Д- Фестивал

Алтернативна Арт Медитација преку боење е една од алатките која активно се користи во рамките на  Креативните работилници во ХОПС – Опции за здрав живот. Овој тип на алтернативна арт медитација на учесниците им помага да се нурнат длабоко во себе, да се запознаат себе си и да создадат комуникација внатре во нив самите од друг агол неоптеретени од секојдневието кој отвара простор за хармонија и креативен израз.

Боењето не е официјална уметност, но е одлична тераписка алатка која на едноставен и забавен начин води до хармонизирање на телото и духот. Боењето како интерактивно дејствие ни отвара простор за креативен израз, ни помага да се ослободиме од стрес, да ја разбудиме креативноста и по едноставно да ја препознаеме и изразиме споствената емоција.

Доколку се справувате со емотивен стрес или едноставно имате потреба од креативно изразување / хоби кое ќе ве опушти, Алтернативна Арт Медитација е вистински избор за исполнување на слободното време во текот на денот во рамките на Д- Фестивал – Дојран. Изработените Паноа од учесниците можат да се изложат.

Овдека можете да го прочитате и ПРИРАЧНИКОТ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ на Д- Фестивал.

Благородна Коцева Симјанов e Фацилитатор на креативни работилници во рамките на ХОПС – Опции за здрав живот. Во 2007-ма година има завршено Ликовната академија во Софија, на отсек Мода. Од дипломирањето до сега е активен учесник во бројни уметнички проекти во земјата и странство како изработка на костими, сценографија, дизајн за балетски и детски претстави и др. Веќе 4 години е активна во Мултимедијалното здружение „Сенки и Облаци‘’, и е дел од организацијата на Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето”. Под уметничкото име Roxenn успешно креира и твори како самостоен уметник.

Интерактивна Инфо-Едукативна работилница - „Дроги во контекст на Музички Фестивал”

Рекреативно користење на дроги е популарна социо-културна практика ширум светот па така и во Македонија. Користењето на дроги пак во контекст на Музички фестивал е исто така практика која побарува дополонителни мерки на претпазливост што од корисничкa така и од организациска страна. Користењето на дроги секогаш со себе носи и ризици, затоа најдобро е да не се користат, но доколку се користат најдобар начин за намалување на ризиците и штетните последици од нивна употреба e едуцирањето и инфомирањето за дејствата, дозирањето, траењето, начинот на безбедно користење како и мешањето и интеракција со други дроги.

Инфо-Едукативна работилница „Дроги во контекст на Музички Фестивал” е интерактивен инфо–едукативен модул  кој ќе се одржи на 16-ти јули // 12:00-14:00, на Д- Фестивал, преку кои учесниците ќе се запознаат со најчесто употребуваните дроги, новите трендови на употреба на дроги и новите психоактивни супстанции и практики за намалување на штети од нивното користењето со посебен акцент во контекст на Музички фестивал. Во рамките на работилницата ќе биде претставен документарен филм од серијалот I am rebel – The Love Drug, инфо-едукативна презентација, мини квиз за учесниците и отворена дискусија.


Д-р Давор Смиланов е фацилитатор на Интерактивната Инфо-Едукативна Работилница „Дроги во контекст на Музички Фестивал” активен член од организацијата ХОПС – Опции за здрав живот. Д-р Давор Смиланов е доктор по медицина со долгогодишно искуство на полето на намалување на штети од употреба на дроги, едукатор и автор. Има учествувано во бројни национални и регионални проекти, конференции и кампањи за намалување на штети од употреба на дроги.  
 

ХОПС дел од музичкиот фестивал Д- ФЕСТ, Дојран 14-16 Јули

ХОПС – Опции за здрав живот во рамките на Музичкиот Фестива Д Фест, што ќе се оддржи од 14 – 16 јули 2017 година во Дојран ќе учествува со тим составен од 5 члена.  На фестивалот тимот активно ќе учествува во програмата на фестивалот „Aктивниот Саем” со Интерактивна инфо-едукативна работилница „Дроги во контекст на Музички Фестивал” и со креативна работилница со Алтернативна Арт Медитација.

Активностите се со врееметраење од 6 часа кои ќе се одвиваат на простор предвиден за таа намена со сите технички потребни помагала. Во рамките на овие активности ќе се направи презенетација на организацијата, ќе бидат дистрибуирани инфо-едукативни материјали и на располагање ќе биде тимот за дополнителни информации во врска со активностите на ХОПС и заинтересирани посетители ќе можат да се запишат на листа на волонтери кои би се вклучиле во понатамошни едукации и обуки.

* Едукативна дебата за користење и злоупотреба на дроги и психоактивсни средства на фестивали 16-ти јули // 12:00-14:00.

* Арт Медитацијa - Медитативна активност 16-ти јули // 14:00.

Целата програма на фестивалот можете да ја видите овде http://dfestival.mk/.

Луѓето кои инјектираат дроги имааг 28 пати поголема можност да се инфицираат со ХИВ, отколку генералната популација

Луѓето кои инјектираат дроги припаѓаат во групите на висок ризик од изложеност на ХИВ, воедно истите се маргинализирани и далку од достапност на здраствени и социјални услуги.

Луѓето кои користат дроги имаат потреба од итна достапност до интеревенциите и услуги за намалување на штети, вклучувајќи ги програмите за размена на стерилни игли и супституциона терапија. Постојат докази дека новите инфекции со ХИВ опаѓаат, кога луѓето кои инјектираат дроги имаат достапност до програмите за намалување на штети и дроги програми поврзани со јавното здравје.
 
Благодарение на програмите за намалување на штети, во последниве десет години во Македонија се евидентирани само два нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, а помалку од 5% од вкупно 315 регистрирани случаи со ХИВ биле луѓе кои инјектираат дроги. Овие бројки се далеку помали за разлика од состојбите во другите земји, соседи на Македонија. Македонија е со најниска стапка на ХИВ во регионот на Југоисточна Европа.

На страната на UNAIDS ја имате целата дата поврзана со ХИВ и корисници на дроги, жени и ХИВ, ХИВ и итни ситуации како и KEY POPULATIONS ATLAS.

Реобјава на оглас за ангажирање на консултант/и или агенции за човечки ресурси

Здружение ХОПС- Опции за здрав живот Скопје отвори повик за позиција: Консултант/и за човечки ресурси.  Како здружение имаме потреба од консултантски услуги во областа на менаџирањето со човечките ресурси и анализа и предлог за нова  организациска структура.  Ангажманот на консултантот/тите би бил на определено време од 15 август до 15 октомври 2017 година.
 
Од ангажаираниот консултант/ти се очекувани следните резултати:
1.  Анализа на организациска структура и постоечки човечки ресурси.
2.  Анализа на потреби од човечки ресурси согласно организациската стратегија и приоритетите.
3. Предлог структура на човечките ресурси во ХОПС за периодот 2018-2019 година.
4. Препораки за јакнење на капацитети на човечките ресурси на краток и долг рок.
 
 Потребни квалификации и карактеристики:
- ВСС од област на менаџмент.
- Минимум 5-годишно работно искуство во менаџмент на човечки ресурси.
- Минимум 3-години искуство во работа со здруженија на граѓани.
- Претходно искуство во изработка на анализи за управување со човечки ресурси и за јакнење на човечкиот капитал.
- Работа под притисок и кратки рокови

 

Pages