Авганистанската мадам, која им помага на сексуалните работници да преземат одговорност за нивното сексуално здравје

Broadly направија интервју со авганистанската мадам Кадриа, поранешна сексуална работничка, која моментално е едукатор за врсничка едукација во здравствената организација „Мост - Надеж". Тоа е авганистанска невладина организација која спроведува мала регионална програма за развој на Обединетите нации (УНДП)/Глобален фонд за превенција од ХИВ. 

Таа и друг врснички едукатор неодамна спровеле теренски посети на сексуалните работници во Кабул. Целта на организацијата била да бидат посетени 150 жени, но Кадриа и нејзиниот колега достигнале бројка од 480 жени. Рахем Реџеј основач и програмски директор на организацијата, вели дека повеќето жени со кои имале средба работеле во домови, а не на улица.

Пари за програмите за ХИВ има, на потег се политичарите

Иако буџетот на Министерството за здравство на Република Македонија располага со можности за финансирање на програмите за намалување на штети од употреба на дроги, тешко може да се разбере зошто овој дел од буџетот за 2017 година е значително намален. Дали Министерството за здравство сакало да го избегне финансирањето на овие програми, а со тоа и обврските преземени со договорот меѓу Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија и Владата на Република Македонија?

Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија од ноември 2004 година се финансираат од страна на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Преку овие програми на лицата кои употребуваат дроги им се обезбедуваат здравствени, социјални, правни, психолошки и други услуги. Финансиските средства се доделуваат на Министерството за здравство, односно посебната единица во склоп на Министерството како примарен примател, која понатаму дел од овие средства распределува на секундарни приматели (здруженија на граѓани) по претходно утврдени договори кои се потпишани од министерот за здравство, а сѐ со цел за полесно одржување на 16-те програми за намалување на штети распоредени во 13 различни градови во Македонија.

„Легализација и понатаму“ - интервју со Итан Наделман

Тимот на Drugreporter го интервјуираше поранешниот директор на Алијансата за политики за дрогиИтан Наделман.

Тој е основач на Центарот Линдесмит во 1994 година и директор на Алијансата за политики за дроги, речиси 20 години. За време на неговото раководство, ставовите на американското општество кон прашања како што се регулирање на канабисот драматично се трансформирале, додека реформите во кривичната правда постигнале огромен напредок низ САД. Списанието Ролинг Стоун го опиша како “вистински цар на дрогите" и “движечка сила за легализација на канабисот во Америка".

Годишен извештај на УНОДЦ - 2016

Годишниот извештај за 2016 година дава преглед на работата на УНОДЦ низ целиот свет во помагањето на земјите-членки за справување со заканата од дрога, криминал и тероризам. Освен истакнувањето на достигнувањата на Канцеларијата за оваа година, извештајот го прикажува човечкото влијание на работата на УНОДЦ преку серија успешни приказни и ефект на теренот.

Водич за заедницата: Сексуалната работа и родова рамноправност

Овој водич е за заедницата, поврзан со: Сексуалната работа и родовата рамноправност. Ги нагласува врските помеѓу правата на сексуалните работници и родовата еднаквост, каде движењето на жените мора значајно да ги вклучи сексуалните работници како партнери. Овој документ се залага за феминизам кој ги препознава правата на сексуалните работници како човекови права и ги истакнува заедничките области на работа во рамките на меѓународната рамка за човекови права.

Содржинaта вклучува:
  • Сексуални работници- Инклузивна рамка за човекови права за родова рамноправност.
  • Предвидување на успешни партнерства за родова рамноправност.
  • Препораки.

Овде може да го превземете ПДФ документот.

Дурекс добротворна трка:„ Донирај за луѓето кои живеат со ХИВ“

Заедно посилни, Дурекс и пријателите на настанот 091RUNCrW, организираат добротворна трка, каде со вашето учество во трката од пет километри, вие донирате за луѓето кои живеат со ХИВ. Трката ќе биде на 29 октомври 2017, недела од 11.00 часот.

Не заборавајте дека можете да трчате сами, со пријатели, комшии, колеги. Само да имате желба да учествувате. Патеката е од кај Жабарот до мостот кај Александар Палас и назад. 

Како да се пријавите? Тоа треба да го сторите до 26 октомври преку Facebook на Durex Makedonija со ваше име и презиме.

Секој учесник плаќа котизација: 300 денари.

Повеќе информации на самиот ИВЕНТ.

Порака за негрижа

Во Скопје од 1996 година постојат програми за намалување на штети од употреба на дроги кои ја помагаат заштитата на локалното население од ХИВ и ги застапуваат правата и потребите на луѓето кои употребуваат дроги. Каква е соработката на Град Скопје со програмите за намалување на штети и колку, според Ваше видување, овие програми ги поддржуваат заложбите на градот за унапредување на здравјето на граѓаните?

Со почетокот на децентрализацијата на локално ниво, во 2005 година, започнавме со развивање на програмите за социјална заштита на маргинализирани групи на граѓани, што всушност значеше и постепено запознавање со проблемите на граѓаните. Она што го видовме во делот што се однесува на лицата кои употребуваат дроги се потребите за различни програми, меѓу кои и потребата oд Програма за намалување на штети од употреба на дроги.

Фемициди – убиства на жени заради тоа што се жени

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство  денес започнувајки од 10 часот до 14  часот и триесет минути, ја одржува својата конференција „Фемициди – убиства на жени заради тоа што се жени“  во хотел Порта - Скопје. Дел од конференцијата ќе бидат и претставници од ХОПС.

Главна говорничка на конференцијата да биде г-ѓа Шалва Веил, професорка на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим и позната истражувачка и гласноговорничка на темите насилство врз жени и убиство на жени - фемициди. Таа се залага фемицидите да бидат третирани како социолошки факт на кој е потребно да се посвети доволно внимание и да се надминат предизвиците во нивното истражување. Покрај професорката Веил, на конференцијата ќе говорат и други чинители од државните институции и невладиниот сектор кои се засегнати со тематиката на насилство врз жени и убиства на жени.

ХОПС беше дел од јавна дебата за новиот закон за спречување и заштита од дискриминација

Во организација на Министерството за труд и социјална политика и Мисијата на ОБСЕ на 20 октомври во Скопје се одржа јавна дебата за измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од дискриминација, во присуство на десетици претставници на невладините организации меѓу кои адвокатките Хајди Штерјова Симонович, Наташа Бошкова и социјалниот работник Билјана Страмшaк Ѓуровска од ХОПС.

Зелената партија во Нов Зеланд сигнализираше референдум за легализирање на канабисот за лична употреба

Лидерот на Зелената партија во Нов Зеланд, Џејмс Шоу, изјавил дека Нов Зеланд ќе има референдум и дека е време да се тестира јавното мислење за прашањето за лична употреба на канабисот.

По кампања за медицинската канабис на Хелен Кели и други потези за движење кон порегулиран модел на пазарот како во Колорадо, Хаваи и некои од државите во Канада, јавното расположение за канабисот се променило. Г-ѓа Кели, поранешен лидер на Советот на синдикатите, била дијагностицирана со рак на белите дробови. Затоа нејзината битка водела кон легализирање на медицински канабис. Затоа Шоу смета дека јавното мислење треба да се стави на референдум.

Pages