Зоната на сексуални работници на #AIDS2018

Нашата Марија Тошева,  денес беше во Зоната на сексуални работници на #AIDS2018, во Амстердам, каде вели дека Зоната на сексуалните работници била една најдинамичните и најпосетени места во Глобалното Село на Конференцијата за СИДА во Амстердам.

„Шaрлиз Терон ја посети Зоната утрото и поразговара со активистите од различни земји. Следеше панел за моделот на легализација на Холандија и новите промени кои се планираат, а се закануваат да ја зголемат криминализацијата на клиентите и организаторите на бизнисот.

Перформансите на франсцуската група СТРАС за секојдневието на транс луѓето, мигрантите, криминализацијата но и отпорот ги собра мнозинството од посетители пред зоната.

Sex Worker's Opera, базирана на лични приказни на луѓе од целиот свет предизвика овации и премина во флеш моб.

Групите од Азија Пацифик споделија што се случува во нивниот регион, а денот беше заокружен со подготовки за маршот на црвените чадори во подршка на локалните групи во преговорите за подобар закон за сексуална работа.

Маршот започна од Зоната на сексуалните работници, се движеше низ цел град, и заврши во Областа на Црвените фенери, каде манифестот на сексуалните работници во однос на промените на законот беше предаден на градските власти.“ - Марија Тошева.

Повеќе можете да прочитате и на овој ЛИНК. #AIDS2018 #sexwork