За состојбата во EHRN

Евразиската мрежа за намалување на штети (EHRN) моментално се соочува со криза поврзана со промената на нејзините сосопственици. Организацијата се нашла во ситуација кога судбината на мрежата со повеќе од 600 членови од 29 земји во регионот на Централна и Источна Европа и Централна Азија (CEECA) зависи од одлуката на две лица како и успешното спроведување на нејзината стратегија и програмите може да бидат изложени на ризик.

Основанa во 1997 година како мрежа на организации за намалување на штети од регионот, EHRN беше регистрирана во Литванија во 2001 година како јавна организација од страна на нејзините двајца основачи или "сопственици", Емилис Субата и Ингрида Сулцијан. Оваа форма на регистрација, без структура за членство, беше избрана како најфлексибилна и изводливо според литванскиот закон во тоа време.

Управниот одбор, свикан во 2001 година го основа Секретаријатот на мрежата, во кој моментално се вработени околу 25 вработени на редовна и независна основа. Организацијата успешно работИ со оваа структура до 2015 година, кога Ингрида Сулцијан се обидува да го продаде својот дел од сопственоста на организацијата. Ова доведува до замена на еден од нив во август 2017 година, каде бизнисменот Линас Меркелис станува нов косопственик на организацијата.

Покрај тоа, во август оваа година новиот пар ко-сопственици на организацијата го разрешува и Извршниот директор на EHRN, Ана Довбакх од својата позиција. Витаутас Сулкас, сопругот на Ингрида Сулчиен (еден од сосопствениците), е назначен за нов извршен директор на EHRN. Ова назначување се случува без да се консултира со Управниот комитет на EHRN.

Постапките на ко-сопственици, вклучувајќи: неосновани разрешување на Ана од позицијата извршен директор и именување на роднина на еден од сосопствениците на оваа позиција, како и конфискација на неколку канцелариски компјутери, заплашување и незаконско задржување на вработените во канцеларијата неколку часа на 17 август 2017 година, резултира со попречување на спроведување на активностите на EHRN и со неефективна координација на работата со партнерите.

Притисокот што сосопственици го ставаат на вработените и нивното неприфатливо однесување, кое е спротивно на нормите на граѓанското општество, е сигнал дека тие немаат намера да ја исполнат мисијата и стратегијата на EHRN одобрени од Управниот комитет и може да се обидат да ја искористат репутацијата на организацијата и расположивите ресурси за лични цели на штета на членовите, партнерите и донаторите на EHRN.

Како одговор на оваа ситуација, на 20 август 2017 година, Управниот комитет на EHRN, заедно со персоналот на Секретаријатот на EHRN, испратиле писмо до сосопствениците на организацијата и новиот извршен директор, барајќи да се направи се што е можно за да организацијата продолжи да ги исполнува своите обврски кон членовите на мрежата, до своите донатори и партнери, и што е најважно за клиентите на програмите за намалување на штети, чиј живот и благосостојба зависат од резултатите на проектите што ги спроведува EHRN. До денес, на 23 август 2017 година, членовите на Управниот комитет сè уште не добиле официјален одговор на своето писмо. Покрај тоа, два компјутери на вработените во Секретаријатот кои биле нелегално запленети сеуште не се вратени.

Во текот на 16 години Секретаријатот на EHRN работи во согласност со мисијата на мрежата и ја спроведува стратегијата на мрежата - стратегија развиена и одобрена од страна на Управувниот одбор составен од луѓе демократски избрани од страна на членовите на мрежата. Сите проекти преземени од страна на мрежата и сите постапки за административни и програмски активности на мрежата се искористени за исполнување на мисијата и стратегијата на организацијата на најдобар начин и во согласност со принципите на работа на организациите во непрофитниот сектор.

Со оваа изјава членовите на EHRN сакаат да не известат дека во сегашната ситуација, Управниот одбор на EHRN и вработените во Секретаријатот на EHRN прават сé што е можно: да осигураат дека програмските активности на мрежата ќе продолжат во согласност со одобрените планови на време и во целост; И да ги спречи финансиските и административните постапки за прекршување од страна на сосопствениците на организацијата или неговиот нов извршен директор.

Уверени се дека постапувајќи координирано, ќе можat да ги почитуваат принципите на EHRN и да го зачуваат угледот на оваа регионална мрежа која ги поддржува активистите за намалување на штети во 29 земји од CEECA веќе 20 години. Секретаријатот на EHRN и Управниот одбор постојано работат на изнаоѓање на излез од оваа криза и создавање на нова организациска рамка за продолжување на нашата мисија. 

Управниот комитет на EHRN

Секретаријат на EHRN