Срамота! Вечер на раскажување квир-приказни.


Како и минатогодишниот Викенд на гордоста, годинава започнуваме со овој промо-настан. Неколкумина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесениво својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат.



Организаторките на СРАМОТА! велат: „Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото гушење навнатре во себе, експлодираме од смеа.“


Раскажувањето ќе се случи на 1 јуни, од 21.00 часот во Кино Култура. Влезот е слободен, а модераторки се Румена Бужаровска и Ана Василева