Промовиран е графичкиот роман СИНИ ПИЛУЛИ

На 27.12 на овогодишниот саем на книги во ГЕМ во 19 ч. се одржа промоција на графичкиот роман СИНИ ПИЛУЛИ од Фредерик Петерс во изадние на ТЕМПЛУМ и ХОПС со поддршка на Фондацијата Отворено Општество.

Дискусијата на  Владо Манчевски и Андреј Сених беше моќна и инспиративна и успеаа да ја доловат љубовната приказна на Фред и Кади, чија врска се усложнува кога Кади му открива дека таа и нејзиниот тригодишен син се ХИВ-позитивни. Одлично ја пренесоа љубовта и внимателноста  на авторот кој го раскажува развојот на заеднички живот со Кади. 

Денес и утре може да си го набавите стрипот во ГЕМ на Мал новогодишен саем на книги во ГЕМ #8