Патешествие на бремена жена во здравствениот систем во Берлин

Новиот филм на колегите од Drugreporter говори за Нетти и нејзиниот новореден син и препреките во здравствениот систем во Берлин.

Нетти живеејќи како сексуална работничка кој користела дрога во Берлин, била изложена на многу ризици, вклучувајќи финансиска експлоатација од макроата и дилерите и стигматизација од општеството. Го сретнала таткото на своето дете во центарот за детоксикација. Кога забременила, таа го започнлаа своето патување во социјалниот и здравствениот систем во Берлин, кој се смета за прилично добар од глобална перспектива. Сепак, таа морала да се соочи со неколку неочекувани предизвици и бариери.

Александра Гуринова и Агнес Пакозди членови на глобалната мрежа за застапување Drugreporter, се запознале со Нетти кога таа била бремена. Тие заедно оделе на различни социјални и медицински услуги во Берлин, фокусирани на посебните потреби на жените кои употребуваат дроги - од засолниште, до килинка за третман и клиника за раѓање.  Истражувале заедно колку здравствениот систем може да понуди.

Видео: Агнес Пакозди и Александра Гуринова (Deutsche AIDS Hilfe).