Панел дискусија: „Рекреативна употреба на дроги“



Рекреативна или повремена употреба на легални и илегални психоактивни супстанции е честа социо-културна практика, како во светот така и во РМ. Употребата на дроги секогаш со себе носи и ризици, како здравствени така и правни, и затоа е потребна претпазливост и добра информираност за дејствата, ризиците и можните штетни последици од нивната употреба.

Панел дискусијата: „Рекреативна употреба на дроги“ има за цел преку отворена дискусија да ги опфати најбитните моменти од употребата на дроги од социјален, културен, здравствен и правен аспект, како и практиките за намалување на штети.

Панел дискусијата е дел од глобалната кампања Support. Don't Punish.

Модератор на панел дискусијата е Давор Смиланов – Доктор на медицина и долгогодишен соработник во ХОПС и намалувач на штети.

Говорници:
Ивана Драгши социолог, диџеј, активист за човекови права.
Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини, активист и правник.
Д-р Дарко Костовски - Психијатар. 

Ве чекаме на 26 јуни од 18 часот во ГЕМ на дискусија и поддржете, не казнувајте!