Крупен чекор напред кон обезбедување одржливост на превенцијата и поддршката во врска со ХИВ

Владата на својата 26 седница, ја разгледа Информацијата за воспоставување одржливост на националниот одговор кон ХИВ во Република Македонија во рамки на буџетот на Министерството за здравство. Со оваа информација и усвоените заклучоци, Владата се обврза речиси четирикратно да ги зголеми средствата и со тоа да го обезбеди потребниот буџет за Програмата за ХИВ за 2018 година. На овој начин ќе се осигура континуирана и современа антиретровирусна терапија за лицата што живеат со ХИВ и ќе се одржат програмите за превенција и поддршка за луѓето изложени на најголем ризик и по завршувањето на поддршката од Глобалниот фонд за СИДА, туберкулоза и маларија.

Платформата за ХИВ ги поздравува заложбите на Министерството за здравство и одлуката на Владата, кои ќе спасат човечки животи и ќе придонесат кон заштитување на јавното здравје во Република Македонија.

Воедно на истата седмица е усвоена и информацијата за подготовката на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци на Министерството за здравство, со сугестија во подготовките на овој закон да се земе предвид можноста компаниите од оваа дејност да не ја продаваат сировината од канабисот, туку од маслото да се прават фармацевстски производи, како и да се проварат можностите за дополнителен фискален придонес од оваа дејност.


Share with