Криминализацијата на употребата на дроги негативно влијае на ХИВ превенцијата и резултатите од третманот за поединци

 
Како криминализацијата на употребата на дрога негативно влијае на ХИВ превенцијата и резултатите од третманот за поединци, програми и населението во целина?

Извештајот обезбедува релевантни докази за реформата на законските и политичките рамки кои ја криминализираат употребата на дрогите.
 
Вкупно 106 рецензирани студии се објавени помеѓу 2006 и 2014 кои се вклучени во анализата. Тие главно се спроведени во Северна Америка и Азија, иако биле вклучени истражувања од Источна Европа, Јужна Америка, Средниот Исток, Европа и Океанија.
 
Најголемиот дел од студиите, вкупно 85 (80%), сметаат дека криминализацијата негативно влијае врз превенцијата на ХИВ и резултатите од третманот за луѓето кои инјектираат дроги. Останатите 10 (9%) сугерираат дека нема асоцијација, пет (5%) сугерираат корисен ефект, еден (1%) сугерира и корисни и негативни ефекти, а пет (5%) сугерираат за негативни ефекти.

Анализата се фокусира на клучните индикатори на криминализација, вклучувајќи затворски казни, полициски операции на ниво на улица, закони и практики за употреба на дроги, забрани или ограничувања на интервенции за превенција на ХИВ, како и национални стратегии за дрога.

Дојдено е до заклучок дека овие интервенции негативно влијаат на нивоата на инјектирање на дрога, на високо ризичните практики како споделување на шприцови, пристап до стерилна опрема за инјектирање преку програмите за размена на игли, како и на ХИВ преваленцата кај луѓето кои инјектираат дрога. Студиите кои не пријавиле директна врска меѓу криминализацијата и ХИВ, половина од нив тврдат дека казнените закони за дроги не резултираат со намалување на фреквенцијата на употреба на дрога, прекин на инјектирање или намалување на употребата на дрога со инјектирање, иако тоа е намерата на овие закони.
 
Други студии не покажале зголемување на инјектирањето на дроги кога имале пристап до клучните програми за намалување на штети - размена на игла и шприц и објекти за безбедно инјектирање. Овие студии покажуваат дека фокусирањето на мерките за превенција и третман на ХИВ, информирање на база со докази, нема да ја зголеми стапката на употребата на дроги. Извештаите ги зголемуваат доказите собрани повеќе од две децении, што укажува на тоа дека законите и политиките за забрана на нелегалната употреба на дрога би можеле да играат централна улога во оштетувањето на здравјето на луѓето што инјектираат дрога.
 
Отстранување на казнените политики, вклучувајќи ја и криминализацијата се  клучните  цели на УНАИДС. Реформа на постојните правни и политички рамки кои се обидуваат да ги органичат  програмите за намалување на штети и се' тоа да премине во ефективни напори за превенција и третман на ХИВ на глобално ниво и да помогнат да се стави крај на епидемијата на ХИВ.

Извор:  The Lancet