Како започнува да се одбележува денот посветен на жртвите од предозирање со дроги?

Од 2002 официјално започнува да се одбележува денот посветен на жртвите кои починале од предозирање, а тоа е секој 31-ви  август.  Како организација која работи со намалување на штети од дроги и ние го одбележавме овој ден на 31 ви август минатата година.

31-ви август секоја година е „Интернационален ден за подигнување на свеста за последиците од  предозирањето“ (IOAD). Ова е глобален настан кој се одржува со цел да ја подигне свеста за предозирање и намалување на стигмата за смртта поврзана од предозираност. Живееме во осудувачко општество каде стигмата води кон молк, а молкот и тишината кон смрт и непревземање ништо за себе или своите мили. Секогаш кога ќе речеме предозирање, стереотипот за предозираност е личност со игла и шприц и не се размислува на комплексноста на предозирање, кое може да биде опијати и комбинации од повеќе од една супстанца.

И овој ден си има своја приказна како настанал. Интернационалниот ден за пподигнување на свеста од предозирање, или поточно денот посветен на жртвите кои починале од предозирање потекнува од 2001 година по дискусијата помеѓу Сали Џ. Фин и Петар Стрекер.Сали управувала со програмата за размена на стерилини игли и шприцеви за Армијата на спасот во Св. Килда, (Викторија, Австралија) во тоа време, а Петар бил координатор на Заедницата и програмата за развој на здравството во градот Порт Филип (Мелбурн, Австралија).

Тие планирале да одржат локален настан каде ќе поделат сребрени панделки  на секој кој сака да го одбележи споменот за својата пријателката, партнер или членот на семејство кои починале од предозирање. Во таа прва година 6.000 панделки биле дистрибуирани не само локално, туку и низ целата држава.

Наредната година многу организации од заедницата, владини и невладини организации како што се болници, здравствени центри во заедницата и кориснички групи, како во големите градови во САД, Велика Британија и Австралија, одржале настани за подигање на свеста и одбележување на животите изгубени од преголема доза на дрога.

Од 2012 година Меѓународниот ден од предозирање е организиран од непрофитното австралиско јавно-здравствено тело "Пенингтон институт"., кој работи на унапредување на здравјето и безбедноста во заедницата. Им помагаат на поединците и на пошироката заедница преку истражувачка анализа, промоција на ефективни стратегии, едукација на работната сила и активности за подигнување на јавната свест.
И оваа година ќе се одржат многу ивенти низ светот. На самата страна на https://www.overdoseday.com/ ги има сите материјали потребни за да се одбележи овој ден.