Амнести интернешнал усвои нова широка политика за абортус и за почитување на човековите права

Амнести интернешнал ја смени својата политика за абортусот кон поддршка за "безбеден и легален абортус".

Во 2007 година, организацијата за човекови права ја напушти својата неутрална позиција за абортус, но инсистираше на тоа дека само се спротивставува на криминализацијата на абортусот и не "го промовира како човечко право". 

Делегатите што се собраа во Варшава во периодот од 6-8 јули одобрија "предлози за справување со катастрофалните последици од кршење на човековите права од погрешните обиди од страна на земјите, да се криминализира и да се ограничи абортусот и да се казнат луѓето за користење на дрога".

Во врска со абортусот, во соопштението се вели: "Претставниците гласаа за усвојување на обновениот став-позиција за абортусот, која ги повикува државите не само да го декриминализираат абортусот, туку да го гарантираат пристапот до безбеден и легален абортус на широк начин, кој целосно ги почитува правата на сите жени, девојки и луѓе кои можат да забременат. 

Сега  Амнести експлицитно го промовира абортусот како човеково право. Страната со факти за абортус,  тврди дека "пристапот до услуги за безбеден абортус е човечко право. Според меѓународниот закон за човекови права, секој има право на живот, право на здравје и право да биде ослободен од насилство, дискриминација  и тортура или суров, нечовечки и деградирачки третман ".