Првиот шкотски конкурс за есеи на тема зависност, е отворен за учениците од целиот свет!


Drug Policy Network SEE го објавија првиот меѓународен натпревар на есеи за зависноста во Шкотска со што ги канат учениците од медицината, психологијата и социјалната работа од Југоисточна Европа и од целиот свет да поднесат академски есеи на оваа тема.
 
Конкурсот беше лансиран од страна на болницата Замокот Крег, која се наоѓа во близина на Единбург, една од најпочитуваните клиники за лекување зависности (рехабилитација) во Европа. Пациентите доаѓаат од целиот свет за третман на зависности со престојувалиште во болницата Замокот Крег, која оваа година ја слави својата 30-годишнина.
 
"Ние ја одбележуваме нашата 30-годишнина со создавање на овој натпревар", -  Доминик Меккан, директор за развој на Замокот Крег.

"Ние сакаме да стигнеме до следната генерација професионалци за лекување зависности и да се подигне свеста за овој критичен предмет со учениците на глобално ниво. Зависноста е еден од најголемите здравствени и социјални предизвици на нашето време и тоа е нашиот начин на подготовка за следните 30 години ". -Доминик
 
Студентите можат да изберат еден од трите наслови на есеи, а крајниот рок е 30 декември 2018 година. Постдипломските студенти се исто така добредојдени да аплицираат.

Канада го легализираше канабисот!

Канада е втората земја во светот, веднаш по Уругвај која што го регулира канабисот како легален производ - и првата земја од Г7 земјите. Прочитајте ја статијата и погледнете го видео интервјуто на Drugreporter со канадската активистка!
 
Во време на анксиозност, кога светот се наоѓа во опасна состојба на апатија и кога се чини дека го губи својот ентузијазам за социјален напредок и демократија, овој историски потег од страна на канадската влада ги трга сите стравови со тоа што ставија крај на 95-годишната забрана за канабис. Денес законот за канабис, кој што беше усвоен од Сенатот во Март, стапи на сила. Ова значи дека секој канадски државјанин, кој што е постар од 18 години, има право да поседува канабис со ограничена доза од 30 грама. На поединци им е дозволено и да растат до четири растенија за нивна сопствена употреба. Покраините и териториите се одговорни за воспоставување на системска регулација, некои ќе го направат тоа во полиберален, а други на порестриктивен начин. Канадскиот премиер Џастин Трудо, најави дека барањата за помилувањата за оние кои се осудени за злосторства поврзани со канабис ќе бидат разгледани, по донесувањето на овој закон.

Главниот аргумент кој што го користеше канадската влада, за регулирање на пазарот на канабис е дека овој закон има за цел да ги заштити децата.

„Канабисот беше лесно достапен за нашите деца – а криминалците профитираа. Денес го менуваме тоа ", напиша на твитер Трудо. „ Искрено, не сум сигурен дали легализацијата е начин со кој што ќе се "заштитат децата" од употреба на канабисот. Возрасните им се допаѓа тоа или не, легално или нелегално, голем број од тинејџерите секогаш ќе бидат подготвени да експериментираат со супстанции кои што ја менуваат состојбата на умот. Затоа треба да внимаваме да не поставуваме превисоки очекувања - но со искрено  и отворено образование за дрогата и со пристап до широк спектар на психосоцијални услуги, можеме да направиме многу во однос на давање поддршка на младите луѓе да водат здрав и исполнет живот ".

Самит на детски желби

Здружението „Проект среќа“, трета година по ред го одбележа 17 октомври, Интернационалниот ден за борба против сиромаштијата, овој пат со првата конференција за деца во социјален ризик „Самит на детски желби“, каде децата беа главните гости и говорници. Беше презентирана и видео кампања  која носи порака за градење на одговорно и филантропско општество.

Меѓу учесниците беа и 6 дечиња од ХОПС, кои добија пакети со храна. Иванна Хаџиевска ја водеше конференцијата додека градоначалникот на Општина Центар и холандскиот амбасадор раскажаа лични приказни и испратија пораки, што се треба да направиме за подобра иднина на дечињата во Република Македонија.

На некој начин, тоа воопшто не е комплицирано

Почитувана Сара, среќни сме што сте со нас овде во Скопје, Македонија. Вие имате големо искуство во воспоставувањето на места за безбедно инјектирање дроги во Ванкувер, Канада, и би сакале да разговараме повеќе за ова со Вас. Дали би сакале да споделите дел од Вашето искуство со нас за просторите за безбедно инјектирање дрога?

Секако, но најпрво да Ви се заблагодарам. Среќна сум што сум овде денес и што можам да зборувам со Вас за ова. Точно, работев како менаџер на Центарот за безбедно инјектирање, од времето кога го отворивме, во 2003 година, па кратко пред да се преселам во Њујорк и да почнам да работам за Сорос, во 2011 година. Но, борбата за отворање ваква локација започна многу пред тоа, веројатно и пред моето време. Првиот голем настан во кој бев вклучена, и за кој бев свесна, беше во 1998 година кога направивме голема конференција под циркуски шатор во јавен парк на тема намалување на штети. Во тоа време намалувањето на штети беше нова тема за која никој од нас немаше чуено дотогаш и која сметавме дека може да му помогне на нашиот град. Поканивме неколку експерти од Европа, каде што веќе имаше неколку центри за безбедно инјектирање, да дојдат и да разговараат со нас за своите искуства, а поканивме и некои луѓе кои можеа да разговараат за други аспекти од областа на намалување на штети.

Политики за дроги: Велика Британија наспроти Португалија

Бројот на смртни случаеви кај корисниците на дрога е 100 пати поголем во Велика Британија отколку во Португалија. Скоро една третина од предозирањата со дрога во Европа, се регистрирани во Велика Британија. Забележано е зголемување од 26% на смртните случаеви кај луѓе кои што користат дроги и кои што конзумираат алкохол од 2016 година.

Во Португалија, дрогата е декриминализрана, па поседувањето на дрога не е казниво со казна затвор или со отворање на криминално досие, додека во Велика Британија може да добиете казна затвор и до 7 години за поседување на првокласна дрога како што е МДМА, кокаин и/или хероин.

400 жени ќе користат "тампони од канабис" за потребата на студијата за канабис на Харвард

Тие чинат околу 11 долари и содржат 60мг ТХЦ, односно главната психоактивна компонента на канабисот и 10мг ЦБД (не-психоактивен канабиноид).

Новата студија ќе побара од 400 жени да ги следат нивните менструални симптоми во текот на неколку месеци и да користат вагиналети од канабис.

Вагиналетите од канабис се дизајнирани за да ја ублажат болката и стресот во текот на менструалните циклуси.

Оваа студија е опишана како "прв чекор", чија крајна цел ќе биде клиничкото испитување кое што вклучува пласибо ефект.

Жените долго време користеле канабис со цел да ги ублажат болките и стресот со кои што се соочуваат за време на нивниот циклус, иако има само анегдотични докази дека лекот всушност има некаков ефект. Претстојната студија се надева дека ќе го промени тоа со испитување на потенцијалните придобивки од "тампоните од канабис", попрецизно наречени вагиналети од канабис.

Школа за „Дроги, политики и практики 2018“

 Почитувани,
 
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје по шести пат организира Школа за “  Дроги, политики и практики”. Оваа петдневна школа ќе понуди мултидисциплинарен пристап за учење за зависноста од дроги, пристап кој ќе ги земе предвид социјалните, медицинските, но и политичките прашања. Целта на школата е да ги едуцира младите стручни кадри за работа на полето на зависноста од дроги. Школата посебно ќе се фокусира на моделите на политика за дроги, третманите базирани на докази, намалување на штети, психосоцијална подршка и концептот на човекови права на корисниците на дроги.

Ве покануваме да земете учество на оваа школа  од единствен вид во  Македонија.

Со големо задоволство ќе Ве пречекаме во хотел Манастир во Берово на 04 ноември до 9 ноември 2018 година.

Повик за поднесување текстови за дванаесетиот број на списанието Дроги – Политики и практики

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Центар за едукации, документирање и истражување и Коалиција МАРГИНИ објавуваат повик за доставување авторски трудови за дванаесетиот број на списанието Дроги – Политики и практики.

Главна тема за дванаесетиот број е: Дроги и секс. Освен за главната тема, добродојдени се текстови и други содржини на било која тема поврзана со целите на списанието.

Предавање на тема „Проектен дизајн и менаџмент“

Во вторник,  на 9 октомври 2018 година, се одржа интерно предавање на тема „Проектен дизајн и менаџмент“, наменето за членовите на ХОПС. На предавањето, на кое присуствуваа седумнаесет слушатели, беше направен општ преглед на тоа што значи дизајн и планирање на проектен циклус и беше разговарано за поединостите кои го придружуваат овој процес.

Предавањето го одржа и со дискусијата раководеше Ивица Цековски, член на ХОПС со плодно искуство во планирање и раководење со проектен циклус. Ова беше второ предавање од циклусот од шест предавања за организациско зајакнување на ХОПС кои се спроведуваат во рамките на проектот „Воспоставување на внатрешни политики и процедури за добро владеење“ финансиран од МЦМС.

Имплементација на поинакви политики за намалување на штети во Република Македонија – Простории за безбедна употреба на дроги

Во нормалните, развиени земји кои водат реална, а не само декларативна грижа за корисниците на наркотици и за нивната рехабилитација, како и кај оние земји кои суштински, а не „шминкерски“ работат на издржани програми за превенција и заштита од последиците од користењето наркотици кај оние граѓани кои одлучиле да консумираат наркотици, воопшто не е непознаница да се имплементираат програми за отворање простории за безбедна употреба на дроги, и тоа започнувајќи од т.н. лесни дроги (канабис, хашиш), па сè до оние наркотици кои имаат најголем импакт на животот и на здравјето по луѓето и најголем потенцијал да креираат адикција, пред сè тука мислам на опијати.

Најекспониран и најпопуларен пример за простории за безбедна употреба на дроги секако се познатите кофи шопови во Амстердам, Холандија. Секако зборот „безбедна“ во овој контекст е помалку излишен бидејќи веќе е и ноторен фактот за безопасноста на канабисот да предизвика штетни последици по здравјето и животот на луѓето, но е нужна неговата употреба од чисто правен аспект. Секако интенцијата на зададената тема е, презумирам, да ја таргетира безбедната употреба на потешки дроги, конкретно инjектирање на хероин.

Во 21 век глобално постојат повеќе позитивни примери како државите го регулираат ова прашање. Овие простории на англиски јазик познати како „Safe Injection Sites“ (SIS) претставуваат легално дозволени простории каде што под медицински надзор, во хигиенски услови, без стигма од пошироката популација, индивидуи интравенозно консумираат наркотици, а кои, онаму каде што се дозволени, се дел од програмите за намалување на штети и обезбедуваат стерилни игли, третман, советувања и основна лекарска грижа. Притоа мора да се прави дистинкција дека овие простории НЕ продаваат или обезбедуваат наркотици ниту некого го потикнуваат да консумира наркотици, туку се солуција кога проблемот веќе постои.

Pages