ИНФОРМАЦИИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Име на организацијата: ХОПС - Опции за здрав живот
Адреса: Ул. Христо Смирненски бр. 48-1/6, 1000 Скопје, Република Македонија
Лице за контакт: Влатко Деков, Извршен Директор
Телефонски броj: +389 (0)2 3 246 205
Телефон / Факс: +389 (0)2 3 246 210
Електронска пошта: hops [at] hops.org.mk, vlatkod [at] hops.org.mk
Веб страна: www.hops.org.mk
Датум на регистрација: 15.03.1999

ИСТОРИЈА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Профил на организацијата:

ХОПС - Опции за здрав живот е невладина, непрофитна и непартиска организација, која започна со работа како прв проект во Република Македонија за размена на опрема за инјектирање во 1997 година. Од тогаш има развиено програми за: намалување на штетите од употреба на дрога, превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи болести, социјална реинтеграција и ресоцијализација на младите и други ранливи групи во Република Македонија.

Блиско соработувајќи со медиумите, владините и невладините организации како и со меѓународни агенции, ХОПС стана член и соработник во повеќе иницијативи во национални, а и регионални/меѓународни рамки:

- Член на Национална мултисекторска комисија за ХИВ/СИДА превенција при Владата на Р.Македонија;
- Член на Националната експертска група за превенција , третман и намалување на штети при Министерство за Здравство;
- Член на Техничката работна група при Тематската група за ХИВ/СИДА при Обединети нации во Република Македонија;
- Координатор на Работната група за намалување на штетите од употреба на дрога при Градското координативно тело за борба против дрогата во Скопје;
- Еден од оснивачите на Коалицијата за намалување на штетите од употреба на дрога за Југоисточна Европа и организатор на Првата Конференција за намалување на штетите за Југоисточна Европа која се одржа во Скопје на 10-ти декември 1999 година;
- Основач на Македонската мрежа за намалување на штети;

Во 1999 година ХОПС ја разви и организираше Втората национална кампања за превенција на ХИВ/СИДА во Македонија.

Во 2000 година ХОПС го спроведе првиот проект за превенција од ХИВ/СИДА и социјална помош на жените кои се занимаваат со комерцијална сексуална работа и нивните семејства.

Во 2001 година ХОПС работеше на проширување на своите активности во уште три градови во Македонија (Струмица, Битола и Охрид) започнувајќи со теренски активности за превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи болести и помош на корисниците на дрога и нивните семејства. Крајната цел беше основање на Македонска мрежа за намалување на штетите, која ќе работи на мобилизација на ресурси за поддршка и јакнење на невладиниот сектор во Р. Македонија.

Македонската мрежа за намалување на штети со 20 основачки членки (организации и поединци) беше основана во јуни 2005.

Во 2002/2003 заедно со две партнер организации (Лим-Пид и Арт Форум) се вклучи во глоблната иницијатива “Што секој адолесцент има право да знае” поддржана од УНИЦЕФ чија цел е ХИВ/СИДА превенција и намалување на ризичното однесување меѓу младите преку нивно активно учество.

Во 2003 започна со реализација проект за “Мапирање и превенција на скриена проституција и трговија со луѓе меѓу млади од 14-18”.

Во Ноември 2004, во парнерство со Министерства за здравство започна со имплементација на активностите од Националниот координиран одговор кон ХИВ/ СИДА во Р.Македонија, подржан од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, маларија и туберкулоза. Во склоп на овој проект ХОПС е задолжен за отворање на 5 нови програми за намалување на штети во Куманово, Кавадарци, Штип, Охрид и Гостивар.
ХОПС има реализирано голем број на истражувања од кои публикувани се следниве:
- Опијатно предозирање во Р. Македонија - Преваленца, ризични фактори и интервенции, 2006
- Отворена Скопска Сцена, 2005
- Проценка на ставовите и сознанијата на средношколската популација за феноменот на скриена проституција и трговија со луѓе, 2004

Промовирајќи ја важноста на цивилниот сектор во процесот на демократското управување ХОПС даде иницијатива и поддршка за основањето на седум нови НВО-и: ХЕРА, РОНДО - Музичко училиште, ЛИМ-ПИД Здружение за развој на уметноста и културата, ПАСАЖ - Асоцијација за заштита на правата на корисници на дрога, Младински центар ПОГОН, ЗОНА - Кавадарци и Младински клуб - Штип.

За своите активности ХОПС има обезбедено донации и поддршка од: Министерство за Здравство на Р. Македонија, Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија, Линдесмит центар, УНДЦП, Светска здраствена организација, УНИЦЕФ, Американски комитет за бегалци, УНХЦР, Светска банка, Центар за информирање и документирање при Советот на Европа - Скопје, Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт - Македонија, Институт за трајни заедници, ИОМ, ПСИ - Романија, ДФИД, УСАИД, Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Македонија, Проект ХОУП и Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија.