Луѓето кои употребуваат дроги во Словачка, започнаа да ја чистатат заедницата Пентагон од ѓубре

 “Пентагон” е населба која е добро позната по отворените сцени каде што се употребуваат дроги, инаку се наоѓа во Братислава, Словачка. Нередот од употребените игли, шприцеви, чаши и останатото ѓубре се секојдневен проблем во оваа заедница. Тоа е место каде што мнозинството и малцинството се среќаваат. Додека мал број од лицата кои употребуваат дроги се соочуваат со неколку здравствени и социјални проблеми, фрустрацијата на мнозинството расте поради тоа што нема системски решенија за овие проблеми. Пентагон е на маргините на политичките интереси, иако во медиумите се изнесуваат шокантни сцени од населбата за да со тоа се покријат во вестите. Од време на време се даваат ветувања од политичарите и Министерството за внатрешни работи ама само за на вести. Но како и да е, изминатата година, благодарение на луѓето кои што употребуваат дроги, Пентагон започна да го менува својот лик. 

Здружението на граѓани Одисеј, е формирано во 1997 година и е најстарото здружение кое што се занимава со намалување на штети од употреба на дрога во Словачка. А во населбата Пентагон постои од 2001 година. Нуди мобилна програма за игли и шприцеви, советување, тестирање за ХИВ и сифилис, и социјална асистенција за луѓе кои што инјектираат дроги и за сексуални работнички. Моментално, се развива стратегија за вклучување на заедницата и за неколку години најпрво соработуваше со ПР волонтери и е досега е единствената програма во Словачка. 

Практичен водич за спроведување на сеопфатна програма за ХИВ и хепатит Ц со луѓе кои што инјектираат дроги

IDUIT издаде практичен водич за асистенција при интервенции. Оваа алатка содржи практични совети за спроведување на ХИВ и хепатитис Ц програми за и со луѓе кои што инјектираат дроги. Програмите за базирани на препораки од WHO, UNODC, UNAIDS, каде техничко упатство инфомира како земјите да постават цел за универзален пристап до превенција на ХИВ, третман и грижа за луѓето кои инјектираат дроги и ревизијата за 2012 и Консолидиран водич за превенција на ХИВ, дијагнози, третман и грижа за клучната популација.

Темите кои што се опфатени вклучуваат подобрување на заедницата, вклучување и градење на капацитетите на организациите и мрежи на луѓе кои што инјектираат дрога, легални реформи, човекови права и решавање на стигма и дискриминација, здравствени и услуги за поддршка за сеопфатен пакет за интервенција за намалување на штети, испорака на услуги, вклучување на самите луѓе кои што инјектираат дроги како дел од персоналот и ПР теренски работници и управување на програмата. Оваа алатка исто така содржи и примери на солидни практики од целиот свет кои што можат да се употребат за поддршка при правењето на планот за програма и услуги заедно со луѓето кои што инјектираат дроги.

Уште три дена до затворање на фестивалот Ѕуница

Отворањето на претстојниот, 11-ти по ред, фестивал „Ѕуница“ се случи во среда 19 април, во кино Милениум (ГТЦ), со почеток во 19,30 часот.

На отворањето, во 20 часот беше прикажан филмот „Заземи поза“ (Strike a Pose), а потоа следеше коктел со музичката група Чалгија саунд систем.

Останатите филмови, како и театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, ќе бидат прикажани во кино Фросина (МКЦ), додека затворањето на фестивалот во недела, 23 април, ќе биде во клубот Епицентар. Кликнете овде за да ја погледнете целосната програма на овогодишното издание на „Ѕуница“.

Кетамин

Кетамин (RS)-2-(2-Chlorophenyl)-2-(methylamino) cyclohexanone е синтетски халуциноген и дисоцијактивен анестетик со широка примена во хуманата и ветеринарната медицина, за воведување и одржување во општа анестезија, третман на болка и како антидепресив.

Кетаминот е првично синтетизиран од страна на Американскиот хемичар Келвин Л. Стивенс во 1962 година како дериват на фенциклидин (PCP). Рекреативната употреба на кетаминот се популаризира  во 1970-тите години, но и покрај тоа кетаминот остана во "Листа на есенцијални лекови" на Светската здравствена организација.

Кетаминот како и другите супстанции од класата дисоцијактиви (фенциклидин и метоксетамин), предизвикуваат состојба која се нарекува "дисоцијактивна анестезија", и која е високо зависна од дозата. Користење на кетамин како рекреативна дрога е евидентиран предизвикувач на смрти случаи. Смртните случаи вклучуваат случајно труење, давење, сообраќајни несреќи и самоубиства. Поголем број смртни случаи вклучуваат млади луѓе.

Реакција: Лекувањето со коноп да биде достапно за сите

Здружението ХОПС - Опции за здрав живот Скопје го поздравува развојот на стопанската гранка за производство на лекови од коноп која произлезе од законските измени направени во 2016 година, а со кои се овозможи достапност на конопот за медицинска употреба во Македонија. На 11 април 2017 година беше објавено дека претпријатие од САД ја отвори првата фабрика во Македонија која ќе се занимава со одгледување на коноп и со производство на лекови од коноп (од семе до продукт), и се надеваме дека интерес за инвестирање ќе покажат и други домашни и странски компании. Веруваме дека зголемувањето на пазарната конкуренција ќе отвори нови можности за пристап до поширок избор на лекови од коноп со повисок квалитет, форми и концентрации соодветни за лекување на различни болести и здравствени состојби, но и за значително намалување на продажните цени до ниво достапно за сите граѓани, со што би се намалил и црниот пазар.

Сепак, сакаме да потсетиме дека политиките поврзани со конопот мора да ги стават интересите на граѓаните кои имаат потреба од овие лекови над интересите за профит. Затоа и сме загрижени од најавите на новите инвеститори за примарен пласман на нивните производи надвор од Македонија, со што достапноста до лекови од коноп кај нас и понатаму би останала ограничена. Како здружение сметаме дека во актуелната законска регулатива за медицинска употреба на коноп во Македонија има простор за значително подобрување, а со цел да се унапреди пристапот до квалитетни и евтини лекови. Затоа ги повикуваме надлежните:

Спасете го Роман од егзекуција како мерка за борба против дрогите

Роман Калашников, 29 години за помлаку од две недели ќе му биде одземен животот поради поседување на 2.9 кг хашиш.
Тој не е убиец
Не е терорист
Не е силувач.
Ништо од сето тоа!
Обвинет е на смртна казна поради тоа што е фатен со 2.9 кг хашиш во Бали, што сепак не би требало да е причина за смрт. Единствената шанса  да го избегне тоа е да се ангажира адвокат (http://www.balilawyer.net/) по цена од 50 000 американски долари за да се бори во судот. Неговите пријатели ја користат последната можност за да се спаси неговиот живот.

Кога човешетвото прогресира за ова прашање во Индонезија сеуште постои смртна казна како мерка за војната против дрогите.

На ЛИНКОТ можете да донирате.

Учениците од „Втора гимназија“ од Сараево победија со проект за легализација на канабис/коноп за медицински цели

Како дел од "Проектот на граѓаните" на Цивика од општина Центар во Сараево, се одржал натпревар на граѓански инцијативи. На натпреварот победила темата „Легализација на канабисот/конопот за медицински цели“, од страна на учениците од III2 од Втората гимназија од Сараево.

Приказната на Ирфан Рибич, студент на Академијата за сценски уметности во Сараево и луѓето со мултипли склероза се причината за сензивитирање на овој проблем. Студентите чувствувале одговороност и емпатија за нивната ситуација, а тоа било доволна мотивација за да говорат гласно и да се борат за луѓето кои страдаат од различни видови на болести. Една оде целите на младите ученици им е на луѓето кои боледуваат од некаква состојба да им се обезбеди третман со медицински канабис/коноп. Гимназијалците се воделе и по примерот на развиените земји како и на нивните соседи Словенија и Хрватска. Учениците сакале да се подигне свеста на граѓаните, средношколците и постарите лица за позитивните ефекти на канабисот/конопот.

ХОПС и Мрдни со прст заедно со Сашко Коцев и голем број на македонски уметници организираа успешна хуманитарна аукција за дечиња од ХОПС  

Скопје 13.04.2016
 
Насмеани лица, убава атмосфера, преполна Јавна Соба, Сашко Коцев во елемент и дарежливи познати македонски уметници, дизајнери и писатели. Ова беше сликата во вторничката вечер кога мрдавме со прст за децата кои доаѓаат во центарот за ресоцијализација и рехабилитација во ХОПС. Целта е постигната! Освен што се продадоа сите дела,  се собраа 295.692 денари.

„Треба да се мрдне само со еден прст за да придонесеме многу! Замислете пак целите да се внесеме во нешто, а мрдањето со прст да биде само почеток? Ние вечерва ќе започнеме да мрдаме со прсти и се надевам дека на проблемите ќе им „брцнеме“ во око! Вечерва имаме уметнички дела на наши уметници и дизајнери, но и дрес од Горан Пандев, бидете подготвени да се наддавате бидејќи на дечињата од ХОПС им е потребна нашата помош“, изјави Сашко Коцев во преполната Јавна Соба на почетокот на јавната аукција. 

ПСИЛОЦИБИН (ХАЛУЦИНОГЕНИ ПЕЧУРКИ)

Халуциногени печурки (magic mushrooms, shrooms), се габи кои во себе содржат психоактивни триптамински алкалоиди како псилоцибин, псилоцин и беоцистин – активни супстанции на кој се должи примарното дејство. Во природата постојат повеќе од 180 видови печурки кои содржат псилоцибин и/или псилоцин.
 
Се претпоставува дека се користат уште од праисторијата и прикажани се во античката карпеста уметност. Во современата западна цивилизација се користат рекреативно, во научни и медицински цели и спиритуално поради психоделичните ефекти. Во денешно време актуелни се научни и медицински истражувањата за терапевтска примена на псилоцибинот кај лекување депресија, анксиозност, зависност од никотин и алкохол, обсесивно-компулсивни растројство, мигрена и кај пациенти со канцер кои страдаат од анксиозност и депресија поради болеста.
 
Псилоцибинот и псилоцинот се изолирани и синтетизирани во 1958 година од страна на д-р Алберт Хофман. Псилоцинот е примарна активна состојка содржана во  халуциногени печурки додека, псилоцибинот е проформа на псилоцинот. Халуциногени печурки содржат 1 до 1,5% псилоцин и псилоцибин.

25I-NBOMe


25I-NBOMe (2C-I-NBOMe, "N-bomb") е фенетиламински психоделик - нова психоактивна супстанца (НПС), чест претставник од серијата NBOMe (25B-NBOMe, 25C-NBOMe, 25D-NBOMe, 25I-NBOMe, 25N-NBOMe). Дериват е на субститутскиот фенетиламин 2C-I. Од 2C-x серијата се разликува по високата  потентност изразена во микрограмски дози. Оваа супстанца за прв пат е откриена во 2003 година од страна на Германскиот хемичар Ралф Хеим (Ralf Heim) на Free University of Berlin, а набргу потоа ја истражуваше тимот од Purdue University предводен од Американксиот фармаколог David Nichols.

Првите податоци за рекреативна употреба на оваа ПАС се забележани во 2010 година, кога преку интернет продавници започнува продажба означена како „research chemical” (експериментална супстанца / истражувачка дрога). Во 2012 година по неколку случаи на хоспитализација и фатален исход во САД доаѓа до поголема медиумска популаризација. Од нејзиното појавувањето во 2010 година до денес постојат бројни случаи на интоксикација и смртни случаи како резултат на предозирање. 

25I-NBOMe е активна во дози помали од 1 милиграм, па често се наоѓа во форма на картони (blotter), импрегниран со раствор на 25I-NBOMe. Токму поради формата во која се продаваат и слично дејство често се поистоветува со ЛСД. 

25I-NBOMe на црниот пазар се продава и во форма на прав и постојат податоци за користење со шмркање, како и фатален исход кај преку 20 корисници во САД, Велика Британија и Австралија.

Pages